Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Во 2017 година беа исплатени два милиона евра долг кон лозарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Во 2017 година беа исплатени два милиона евра долг кон лозарите
Агровести

Николовски: Во 2017 година беа исплатени два милиона евра долг кон лозарите

Објавено 24/08/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска преку својот фејсбук профил потсети дека во 2017 година беа исплатени два милиона евра долг кон лозарите од неисплатеното винско грозје од винарските визби „Повардарие“ и „Стефани“.

Со ребалансот на Буџетот, пак, оваа година, додава Николовски, се расчистуваат сите обврски кон земјоделците и прв пат се воведува авансна исплата на субвенциите.

-Земјоделците добро знаат дека во МЗШВ имаат искрен и сериозен партнер, кој е секогаш на страната на земјоделецот – наведува Николовски.

Владата вчера соопшти дека откупната цена на грозјето годинава бележи најголем пораст од 30 отсто – сортата „смедеревка“ ќе се откупува по 13 денари за килограм, а „вранецот“ ќе биде 15 денари за килограм што е три денари повеќе во споредба со лани.

-Зголемувањето на откупната цена на грозјето е резултат на договорот постигнат по исцрпните консултации на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со винариите и лозарите, информира Владата, нагласуваќи дека и континуираните мерки за поддршка даваат резултати – домашното просечно производство на грозје е стабилизирано на околу 270 000 тони на годишно ниво, а додека просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:лозариНиколовски
Претходен напис Невидена суша: Топлотниот бран кој трае веќе 70 дена, сериозно му се заканува на кинеското земјоделство
Следен напис IGC го ревидираше глобалното производство на житарки – Намалувањето главно се должи на падот на производството на пченка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?