Меѓународниот совет за житарки (IGC) го ревидираше вкупното глобално производство и потрошувачка на житни култури во маркетиншката година 2022-23.
Во последниот извештај тие го проектираа вкупното производство на житарки, кое е за 4 милиони тони помало од претходниот месец, а сега изнесува 2,248 милијарди тони. Доколку се реализира, производството би било за 2 отсто помало од претходната година.
Оттаму наведуваат дека намалувањето главно се должи на падот на производството на пченка од 41 милион тони. Истиот тренд се предвидува и за пченицата, за 3 милиони тони во однос на вкупната количина од 778 милиони тони во периодот 2021-2222 година, но е повисок за 8 милиони тони во однос на претходниот месец.
Бројката на вкупната светска потрошувачка на житарки е намалена за 3 милиони тони во однос на претходната проекција на IGC во јули, на 2,274 милиони тони, што е за 1 отсто пониско од минатата година.
Делумно поврзано со повисоките потреби за увоз на пченка во ЕУ, глобалната трговија со оваа стока се проценува на 409 милиони тони, што е за 3 милиони тони повеќе од проекцијата од претходниот месец, но за 15 милиони тони помалку од 2021-2022 година.
Вклучувајќи го падот на пченката, пченицата, јачменот, се прогнозира глобалните залихи да паднат за 4 отсто, на најниско ниво во последните осум години од 577 милиони тони.
Побарувачката за соја расте
Според нив, светското производство на соја во периодот 2022-23 год. може да се зголеми за 11 отсто на годишна основа до рекордни 389 милиони тони, што е поврзано со очекувањата за закрепнување на производството во Јужна Америка.
„Изгледите за раст на употребата на производи од соја во секторот за добиточна храна и прехранбената индустрија треба да се рефлектираат со зголемување на вкупната употреба, на рекордни 379 милиони тони. Се очекува и солидна акумулација на залихи“, посочуваат во извештајот.
Се проценува дека глобалната побарувачка за увоз за оваа земјоделска култура ќе порасне за 8 проценти годишно, при што се очекува извозниците од јужната хемисфера да имаат зголемен удел во трговијата.
Рекордна трговија со ориз
Рекордна трговија со ориз се очекува и во 2022 година, поддржана од големи испораки на пазарите во Азија и Африка. Сепак, глобалното производство во 2022-23 година би можело да биде малку помало во однос на минатата година и да изнесува 514 милиони тони. Потрошувачката, пак, би можела да достигне нов врв, додека натамошен пад се предвидува за залихите (3 милиони тони на годишно ниво).
Индексот на житарки и маслодајни растенија (GOI) на IGC, кој ги мери нивните цени, порасна за 0,5 отсто во однос на претходниот месец, но е зголемен за речиси 9 отсто на годишно ниво.
