Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Невидена суша: Топлотниот бран кој трае веќе 70 дена, сериозно му се заканува на кинеското земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Невидена суша: Топлотниот бран кој трае веќе 70 дена, сериозно му се заканува на кинеското земјоделство
Агровести

Невидена суша: Топлотниот бран кој трае веќе 70 дена, сериозно му се заканува на кинеското земјоделство

Објавено 24/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Незапомнета суша го погоди целиот слив на реката Јангце во Кина. Тамошното Министерство за водни ресурси ги повика регионите да направат точни проценки за состојбата во погодените области и да осмислат планови за одржување на снабдувањето, вклучително и привремен трансфер на вода, развој на нови извори и проширување на цевководната мрежа, пренесува Агроклуб.

Најголемата кинеска хидроцентрала го зголемила испуштањето вода за 500 милиони кубни метри, а дел од добитокот од областите погодени од суша привремено се преселил во други региони.

Една од мерките е да се испука сребрен јодид во облаците за да предизвика дожд.

Топлотниот бран во Кина сега трае речиси 70 дена, што го прави најдолг од почетокот на целосните мерења во 1961 година, објавија државните медиуми, цитирајќи податоци од Националниот центар за клима. Бројот на метеоролошки станици кои забележаа температура од најмалку 40 Целзиусови степени достигна 262, што е воедно и најголема бројка. Осум од нив забележале температура од 44 степени Целзиусови.

Сушата би можела да трае уште еден месец.

As many as 66 rivers across Chongqing, China, have dried up, according to state broadcaster CCTV. The gov’t put in place a drought ‘yellow alert’ for the country. On top of the dry conditions, China also issued a ‘red alert’ for high temps for the 30th straight day on Friday. pic.twitter.com/yGPF3Yu7OI

— NowThis (@nowthisnews) August 20, 2022

Речиси и да може да се помине целото корито на реката која храни околу една третина од населението во Кина.
Врнежите во Чонгкинг оваа година паднаа за 60 отсто во споредба со сезонската норма, а на земјоделското земјиште во неколку области сериозно му недостасува влага, објави државната телевизија CCTV, повикувајќи се на податоци од локалната власт. Тие, исто така, објавиле дека земјоделските култури во 10 области биле сериозно погодени, пренесува Ројтерс.

Загрозена есенска сеидба

Според Министерството за вонредни состојби, високите температури само во јули предизвикале директни економски загуби од 2,73 милијарди јуани (400 милиони долари), погодувајќи 5,5 милиони луѓе и 457.500 хектари земја. Централната провинција Анхуи, која исто така се потпира на Јангце за снабдување со вода, оваа недела предупреди дека прекумерно сувата почва ќе влијае на 88.000 хектари кои треба да се посеат со житни култури оваа есен.
Пекинг предупреди на зголемен ризик од екстремни временски услови во оваа земја како резултат на климатските промени. Во исто време, обилните врнежи продолжуваат да го земаат својот данок во другите делови на земјата,

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:кинасуша
Претходен напис Кризна состојба во енергетиката ќе биде прогласена утре, од 1 септември стапуваат во сила мерките за штедење
Следен напис Николовски: Во 2017 година беа исплатени два милиона евра долг кон лозарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?