Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во АПРЗ Битола презентација на мерката 115, рокот за аплицирање истекува за два дена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во АПРЗ Битола презентација на мерката 115, рокот за аплицирање истекува за два дена
Агровести

Во АПРЗ Битола презентација на мерката 115, рокот за аплицирање истекува за два дена

Објавено 24/12/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во просториите на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Битола, се одржа последната презентација на мерката 115 – ,, Поддршка на активен женски член на земјоделско семејство”.

На презентацијата која ја водеше одговорниот советник од АПРЗ, Андреа Соколовски, присуствуваа и претставници од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Факултетот за земјоделски науки и храна и Платежната агенција. Учество во работата земаа и претставници на UN Women – Тело на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, претставници на некои земјоделски здруженија како и индивидуални земјоделци кои беа заинтересирани за аплицирање по оваа мерка.

На самиот почеток беше потенцирано дека рокот за аплицирње  истекува за два дена, поточно на 26 декември, и дека во овој период  надлежните институции забележале голем интерес за оваа мерка од страна на жените кои се занимаваат со земјоделство.

Се стави акцент на целите која ги има оваа мерка , а тоа е поддршката која треба да им се даде на жените носители на активни земјоделски стопанства со што би се подобриле целокупните резултати од  нивното работење и достигнување на повисоки стандарди од минималните.

На присутните  повторно им беа презентирани прифатливите инвестиции и трошоци,  висината на поддршката која изнесува 180 000 денари, а исто така  и целокупната документација која  е потребна за аплицирање.

 Од страна на претставниците на надлежните институции беше напоменато дека оваа мерка  за прв пат е објавена годинава  и всушност претставува пилот мерка.

Во текот на аплицирањето заинтересираните се соочиле со некои нејаснотии и недоречености кои биле успешно надминати, а дел сеуште се решаваат. Сите овие забелешки ќе бидат надминати за следниот повик, а еден од предлозите е да се зголеми сумата на поддршката како би можеле жените кои се занимаваат со земјоделство  да развијат сопствен профитабилен бизнис, беше заклучокот на средбата.

Кои критериуми носат најмногу бодови за мерката „Рурална жена“

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:апрзМерка 115Презентација во АПРЗрурална жена
Претходен напис Кои се вистинските причини за исчезнувањето на пчелите?
Следен напис „Хемометал“- Битола нуди одлични можности за набавка на нов трактор на одложено плаќање
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?