Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Овошје и зеленчук во вредност од милиони фунти скапуваат во Велика Британија поради недостиг на сезонски работници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Овошје и зеленчук во вредност од милиони фунти скапуваат во Велика Британија поради недостиг на сезонски работници
Агровести

Овошје и зеленчук во вредност од милиони фунти скапуваат во Велика Британија поради недостиг на сезонски работници

Објавено 17/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Десетици милиони фунти вредно свежо овошје и зеленчук се оставени да скапуваат на полињата во Обединетото Кралство бидејќи земјоделците не можат да привлечат доволно работници.

Околу 22 милиони фунти (27 милиони долари) овошје и зеленчук пропаднаа во првата половина на 2022 година поради недостиг на работна сила, според истражувањето на Националната унија на фармери, која брои речиси 200 одгледувачи, пишува Блумберг.

Бидејќи истражувањето опфатило една третина од секторот за хортикултура, се проценува дека вкупната загуба веројатно ќе надмине 60 милиони фунти (73 милиони долари), во време кога цените на продавниците растат со рекордно темпо.

-Целосен апсурд е што се упропастува квалитетна, здрава храна во време кога семејствата ширум земјата веќе се мачат да врзат крај со крај поради зголемените трошоци за живот – се вели во соопштението на заменик-претседателот на Националната унија на фармери, Том Бредшо.

Иако и другите економски сектори имаат недостиг од кадар, се смета дека проблемот е многу поголем во земјоделската индустрија, која тешко привлекува работници бидејќи работните места се сезонски и обично вклучуваат долги часови физичка работа за релативно ниски плати.

Брегзитот, исто така, го комплицираше регрутирањето на работна сила од Европската Унија.

Илјадници свињи се заклани на британските фарми од минатата година поради недостиг на работници во погоните за преработка на месо.

Покрај недостигот од земјоделски работници, Велика Британија во јули ја доживеа најголемата суша од 1935 година, што дополнително го намали производството.

Околу 40 отсто од учесниците во истражувањето на Националната унија на фармери рекоа дека претрпеле загуби на земјоделски култури поради недостиг на работна сила, а одгледувачите очекуваат производството да падне за уште 4,4 отсто следната година.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Велика Британијајаболка
Претходен напис Овчото млеко е од посебна важност во исхраната на луѓето
Следен напис До петок се очекува исплата на субвенциите за одгледувачите на крави и за пчеларите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?