Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Тиквеш“ и годинава договори откуп на најголеми количини грозје, по највисоки цени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > „Тиквеш“ и годинава договори откуп на најголеми количини грозје, по највисоки цени
Пазари

„Тиквеш“ и годинава договори откуп на најголеми количини грозје, по највисоки цени

Објавено 17/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Винарската визба „Тиквеш“ од денеска, 17 август 2022, започнува со годинешниот прием на винско грозје. И оваа година, „Тиквеш“ ќе откупи најголема количина грозје, по највисоки цени. Планирано е оваа година „Тиквеш“ да прими и обработи над 30 милиони килограми квалитетно грозје. Во досегашниот процес на дефинирање на соработката со своите партнери – лозарите, кој оваа година започна уште во месец мај, „Тиквеш“ успеа да потпише над 2.000 договори за деловна соработка со кои веќе обезбеди над 28 милиони килограми грозје.

При тоа, основната цена по која оваа година ќе се откупуваат најзастапените сорти е дефинирана на 12,5 денари за килограм смедеревка и 16 денари за вранец, што претставува зголемување од 20% до 35% во однос на минатогодишната цена која беше препорачана од страна на ресорното министерство.

Истовремено, согласно на својата трајна определба да го стимулира и наградува производството на висококвалитетно грозје кое е неопходно за производство на врвни вина со премиум квалитет кои се бараат од потрошувачите на домашниот, а особено на странските пазари, „Тиквеш“ и оваа година нуди за 50% повисоки цени за грозје со висок квалитет, кое е произведено согласно светските стандарди и критериуми за квалитет. Со цел да се обезбеди непречен откуп на грозје,

„Тиквеш“ во процесот на разговори и потпишување договори со своите партнери-лозарите, кој започна три месеци пред почетокот на бербата, даде и точни насоки за начинот и динамиката на берба и прием на грозје во винарницата. За да обезбеди квалитетен род, како основен предуслов за производство на врвни вина, „Тиквеш“ продолжи да ги поддржува лозарите во текот на целата година, обезбедувајќи им препарати и средства за заштита со пониски цени, стручни совети и едукација за начинот како да постапуваат во процесот на одгледување и заштита на лозјата, а обезбедени се и флексибилни начини на исплата на откупеното грозје во многу пократки рокови од оние кои се дефинирани со закон. Дополнително, прифаќајќи ја предводничката улога на генератор на развојот на целокупната домашна винска индустрија, „Тиквеш“ е во финална фаза на склучување договори со неколку мали македонски винарници, како што се винарниците „Попов“, „Дисан“ и „Крњево“, на кои ќе им обезбеди целокупна поддршка во брендирањето, промоцијата и пласманот на нивните квалитетни вина, особено на странските пазари. На ваков начин, „Тиквеш“ директно влијае на зголемување на конкурентноста и вкупниот одржлив развој на македонската винска индустрија, кој е возможен само доколку се зголеми производството и пласманот на квалитетно вино во шишиња.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Златен медал за црвеното вино „Babuna 2023“ на „Тиквеш“ и нови меѓународни признанија
Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Трипуновски: Оваа година е година на инвестиции и системски промени во земјоделскиот сектор
Иротова: Се обработуваат барањата за исплата на субвенциите за тутунарите, предност се дава на тие што предале до 2 тона тутун
Таг:откупТиквеш
Претходен напис Од 1 септември започнува ловната сезона на диви свињи
Следен напис Времето денеска сончево со слаб ветер и температура до 37 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?