Министерот Николовски информираше дека од 1 септември започнува ловната сезона на диви свињи.
„Од 1 септември започнува ловна сезона на дивите свињи, на сите ловишта на територијата на државата освен во ловиштата во Македонска Каменица, Виница, Кочани и Делчево. Ова решение го донесовме како една од мерките во борбата против болеста Африканска чума.
Дополнително на моја иницијатива, предложивме итно формирање на Координативно тело како една од мерките за мониторинг и спречување на оваа болест. Континуирано ја следиме состојбата со Африканската свинска чума и во координација со институциите навремено преземаме мерки.“, рече Николовски.
