Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability Programme- IME) објавува повик за прибирање идеи за кофинансирање активности/инвестиции преку кои се адресираат секторски проблеми и предизвици со кои се обезбедуваат услови компаниите одржливо да ја зголемат конкурентноста, го зголемат својот и приходот на своите добавувачи во сектори одржлив агробизнис, активен туризам и информатичка и комуникациска технологија (ИКТ) поддржани од Програмата IME.
Кој може да поднесе предлог идеи:
• Компании и организации регистрирани како правни лица најмалку една година пред
поднесувањето на идејата, согласно законите на Република С. Македонија.
• Група на компании организирани во алијанса кои дејствуваат заедно и се
согласуваат една од нив да аплицира во име на другите. Алијансата може да ги
вклучи општините како институции за поддршка и академската заедница, но истите
не може да се директни корисници/апликанти.
• Организации за деловни услуги со специфичен мандат во еден од секторите што ги
поддржува IME.
Овој повик не е наменет за поединци, јавни или владини институции или организации
контролирани од владин ентитет.
Потенцијалните партнери треба:
• да се иноватори или двигатели во индустријата;
• да бидат подготвени да коинвестираат најмалку 50% од инвестицијата;
• да покажат дека предложената идеја/активност ќе доведе до зголемување на
вработеноста или приходите за компаните/организациитеи/или нивните
добавувачи/соработници;
• да покажат зошто не можат да ја реализираат инвестицијата без поддршка од IME;
• да покажат дека имаат конкретна посветеност, интерес за соработка со широк опсег
на засегнати страни (партнери, соработници, компании во синџирот на снабдување,
други проекти, итн.);
• да демонстрирааат одржливост на пристапот и инвестицијата како и подготвени
човечки ресурси за реализација на инвестицијата во предложената временска рамка.
Вредност на поддршката
Финансирањето од страна на IME е до 50% од вкупниот предложен буџет за
активноста/инвестицијата. Висината на поддршката за ко-финансирањето e максимум до
30.000 CHF за коинвестирање со поединечни компании и нивни партнери во синџирот на
снабдување согласно горенаведените барања, или до 100.000 CHF со повеќе засегнати
страни здружени во алијанса за решавање на секторски прашања.
Рок за поднесување на идеи
Заинтересираните апликанти треба да ги достават своите идеи на следната е-пошта:
[email protected], најдоцна до петок, 23 септември 2022, до 17.00 часот.
Прашања поврзани со повикот може да се испратат на следната емаил адреса:
[email protected]
Предлог идејата/ активноста треба да се формулира на 2 страници, со одговори на
горенаведените прашања, како и предлог буџет во МКД на вкупната вредност на проектот,
и коинвестицијата од апликантот и/или сите вклучени страни
Повеќе информации може да прочитате со преземање на Повикот за прибирање идеи.
