Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ќе се заштитуваат пештерските екосистеми во Галичица од негативните ефекти на климатските промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Ќе се заштитуваат пештерските екосистеми во Галичица од негативните ефекти на климатските промени
Шумарство и водостопанство

Ќе се заштитуваат пештерските екосистеми во Галичица од негативните ефекти на климатските промени

Објавено 16/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Охридскиот Црвен крст потпиша договор со Prespa Ohrid Nature Trust – PONT за финансиска поддршка за реализација на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“.

Проектот, како што информира општинската организација на Црвен крст – Охрид, ќе се реализира во периодот од 2022 до 2024 година во партнерство со истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, а корисник на резултати, покрај проектниот тим, ќе биде и Националниот парк Галичица, како и млади лица кои гравитираат кон заштитеното подрачје.

– Цел на проектот ќе биде зајакнување на капацитетите на Националниот парк Галичица и подигнување на свеста на локалното население за адаптација кон климатските промени и заштита на загрозените растителни и животински видови и пештерски екосистеми. Тоа ќе се постигне преку научни истражувања на пештерите Самотска Дупка и Лескоечка пештера и инвентаризација на сите пештери во Националниот парк Галичица, ќе се подготват видео материјали, флаери и научни публикации за промоција на подземните карстни форми, ќе се проучува загрозениот биодиверзитет, а ќе се подготват и мерки за заштита на загрозениот биодиверзитет, стои во информацијата на Црвен крст – Охрид.

За проектниот тим и претставници од Националниот парк Галичица ќе се организира студиска посета на заштитеното подрачје Шкоцјанске Јаме во Словенија за размена на искуства и позитивни практики.

Предвидено е, меѓу другото, да биде подготовен видео материјал за превенција од влијанието на климатските промени и влијанието врз пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица за намалување на ризици од природни катастрофи предизвикани од климатските промени, како и опремување на три едукативни катчиња…

Со финансиска поддршка на ПОНТ претходно беше реализиран проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица“.

Може да ви се допадне

Зајакнување на отпорноста на земјоделството во ЕУ според студија на Европска Комисија
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Казна за правните лица доколку не достават податоци за промени на запишаната состојба
Презентиран проект за климатска отпорност во Општина Дојран
Мицкоски: Проектот „Градски воз“ е исклучително важен проект за приградските населби и општини до центарот на главниот град
Таг:галичицаекосистемипроектпромени
Претходен напис Брод со 23.000 тони пченица oд Украина се упати кон африканското пристаниште Џибути
Следен напис Отворен повик за прибирање идеи за кофинансирање активности/инвестиции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?