Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Протече вино од најголемото буре во светот, со капацитет од 75.000 литри
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Протече вино од најголемото буре во светот, со капацитет од 75.000 литри
Магазин

Протече вино од најголемото буре во светот, со капацитет од 75.000 литри

Објавено 16/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
erdutski vinogradi
Сподели
Ad imageAd image

На крајниот исток на Хрватска, во Ердут, вчера точно напладне, на пригодна церемонија протече вино од најголемото буре во светот, со капацитет од 75.000 литри, во кое една година одлежа локалната грашевина.

„Станува збор за вино од бербата 2020 година, со 13 отсто алкохол и шест грама вкупни киселини“, откри главниот енолог на Ердутските лозја, Дамир Рисек.

Фото/Facebook

„Ова буре е наша гордост и радост и дел од туристичката понуда, а со тоа и споменик на најдоброто дрво во светот за одлежување на вино – а тоа е славонскиот даб“, додаде Рисек.

Направено е во 1989 година, а секоја низа претставува едно стебло од даб, кои заедно ги држат дури 3,5 тони железен оков.

Во наредните денови од него ќе се полнат шишиња грашевина од специјална лимитирана серија, кои наскоро ќе се најдат на пазарот.

Очекуваната цена за едно шише е 60 куни (8 евра), а ќе може да се набави во нивната винарија, во малопродажната мрежа и во одредени ресторани.

Фото/Facebook

Ердутската винарија со капацитет на визбата од шест милиони литри и 450 хектари насади е една од најголемите во Хрватска, а дури 70 отсто од нејзината површина со лозје опфаќа грашевината.

Во последните три години дел реструктуирале, обновиле 89 хектари, така што моментното производство им е на ниво од 2,5 милиони литри, изјави Дуња Вукмировиќ, член на управниот одбор на оваа компанија.

Фото/Facebook

Големото буре на Ердутската винарија е најголемото буре за вино во употреба во светот, вели таа. Собира 75.000 литри вино (100.000 шишиња), а е направено во 1989 година во фабриката ДИК Ѓурѓеновац. Долго е шест метри, а обемот е пет метри, а за негова изработка била потребна речиси цела славонска шума – дури 109 дабови стебла.

Дрворезот на бурето е додаден десетина години подоцна, благодарение на славонскиот скулптор Мато Тијардовиќ и неговата ликовна колонија. Украсено е со елементи од хрватскиот плетар, Тајната вечера, мотиви од работа во лозјата и прославите по нив.

Фото/Erdutski vinogradi

Извор: agroklub.rs

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:буревинограшевинадабЕрдутската винарија
Претходен напис Оризопроизводители го блокираа патот Штип – Кочани кај Облешево
Следен напис Брод со 23.000 тони пченица oд Украина се упати кон африканското пристаниште Џибути
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?