Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јули 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 21.9 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 10.7 %.
Во јули 2022 година, во споредба со јули 2021 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 122.4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 114.0.
Во делот аутпут, во јули 2022 година, во споредба со јули 2021 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 109.4, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 113.2.

