Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,58% во однос на одлуката од 11.08.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,140%, кај дизелот зголемување во просек за 2,090%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,044% и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,868.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит,
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит,
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.
Од 16.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 88,50 (денари/литар)
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,00 (денари/литар)
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 90,00 (денари/литар)
- Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 86,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм)