Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дали свинската маст има рок на траење и кој е најдобриот начин за нејзино чување?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Дали свинската маст има рок на траење и кој е најдобриот начин за нејзино чување?
Магазин

Дали свинската маст има рок на траење и кој е најдобриот начин за нејзино чување?

Последна измена: 15/08/2022 14:40
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Отсекогаш се полемизирало дали е поздрава свинската маст или маслото за јадење. Се смета дека свинската маст е многу подобра варијанта за пржење и приготвување храна, а многумина тврдат дека јадењата се многу повкусни доколку се прават со неа. Сепак, многумина ги интересира уште една работа – дали маста има рок на траење и како да знаеме дека се расипала?

Како и кај повеќето масти кои се користат во кулинарството, свинската маст може да се расипе и да ужегне. Иако свинската маст секако може да се чува на собна температура, во оставата или на некое темно место, можноста да се расипе значително се зголемува кога температурата не се одржува константна.

Ако ја чувате надвор од фрижидер може да трае од четири до шест месеци, а ако ја чувате во фрижидер може да трае и до една година.

Кој е најдобриот начин за чување?

Најважното нешто што треба да го знаете е дека треба да ја чувате во сад кој има херметички капак. На овој начин ќе спречите претерана изложеност на воздух и со тоа ќе ја продолжите нејзината свежина. Не заборавајте да го чувате подалеку од директна сончева светлина или топлина.

Како знаете дека маста веќе не е за употреба?

Најдобар показател за свежината е дефинитивно мирисот. Ако маста има непријатен, киселкаст или специфичен мирис на ужегнато, веројатно се расипала и не треба да се користи.

Дали маста може да се чува во замрзнувач?

Како и сите намирници и свинската маст може да ја замрзнете, но тоа не значи дека рокот на траење ќе биде неограничен. Доколку одлучите да ја зачувате на овој начин, најдобро е прво да ја завиткате во хартија за печење, а потоа во проѕирна фолија. Не заборавајте да го истиснете вишокот воздух што се формирал. Вака складираната маст може да трае до година и пол.

Може да ви се допадне

Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
Универзална маринада за сите видови месо! Совршена за ребра и пилешки крилца
Намирници корисни за бактериите во цревата
Таг:свинска маст
Претходен напис Индекси на цените во земјоделството, јули 2022 година
Следен напис Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?