Пазарот со житарки не мирува. Првиот брод натоварен со пченка од украинското пристаниште пристигна на дестинацијата, а полека испловуваат и други. Во исто време, сушата си го зема данокот и ги намалува приносите, што најмногу ќе се одрази на пченката. Освен житните култури, погодени беа и други култури. Приносот на компир во регионите погодени од топлотниот бран е драстично намален.
Кон средината на неделата поскапеа пченката и сојата, а поевтинија компирот и овесот.
Маслодајната репка стабилна
На парискиот MATIF вредноста на пченицата за септемврискиот договор за среда, 10 август, изнесуваше 340,50 евра/т. Договорот за декември оствари пораст од 0,77 отсто и изнесуваше 327,25 евра/т.
Цената на пченката за договорот за ноември е зголемена за 0,92 отсто и изнесуваше 330,50 евра/т.
Маслодајната репка за договорот од истиот месец се продаваше за 659,00 евра/т, што покажува стабилност со незначителен пад.
Поевтини компири
Фјучерсите за компири за април 2023 година на EEX во Лајпциг забележаа пад. По достигнувањето на максимумот, цената падна за 5,21 отсто и изнесуваше 27,30 евра/100 кг.
На чикашкиот CBOT, пченицата за септемврискиот договор се плаќаше по 281,17 евра/т, додека пченката се тргуваше по 237,29 евра/т. Тоа се мали зголемувања во однос на почетните износи.
Договорната цена на сојата за август порасна за 4,55 отсто и изнесуваше 609,02 евра/т.
Септемвриските договори за овес чија вредност изнесуваше 299,26 евра/т забележаа пад од 3,74 отсто.
Извор: .agroklub.com
