Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Влада: Со „Отворен Балкан“ ќе добиеме работна сила во дефицитарните дејности
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Влада: Со „Отворен Балкан“ ќе добиеме работна сила во дефицитарните дејности
Агровести

Влада: Со „Отворен Балкан“ ќе добиеме работна сила во дефицитарните дејности

Објавено 09/08/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Северна Македонија со „Отворен Балкан“ ќе добие работна сила во дефицитарните дејности, а слободниот пазар на труд носи повисоки плати и инвестиции во секоја од трите земји, велат од Владата, во пресрет на отворањето на единствениот пазар на труд во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Од Владата укажуваат дека иницијативата „Отворен Балкан“ е можност за зголемување на конкурентноста на нашиот регион, како и дека зголемената понуда е привлечна за нови инвестиции што е клучната цел на Договорот за слободен пристап до пазарот на труд. Мобилноста е важен аспект за развојот на економијата, и од тој аспект, како што посочуваат, треба да сме свесни дека постојат дејности, како што е туризмот во кои ќе се влева работна сила во Северна Македонија од соседните Албанија и Србија, а секако дека ќе имаме и примери и во обратен правец.

– Овој проект носи натпревар во квалитет, но носи и раст на платите, нови можности и размена на искуства. Комплементарна со оваа мерка е и иницијативата за основање заедничка агенција на трите земји од Отворени Балкан за привлекување странски инвестиции, со што како пазар од 12 милиони граѓани стануваме многу поатрактивни за големи инвеститори. За ваквиот тип на инвестиции кои бараат поголем пазар, основен предуслов е регионалната мобилност на работна сила, посочуваат од Владата.

Од таму укажуваат дека Договорот за слободен пристап важи само за приватниот сектор, поради што стравувањето за наводно губење на медицинскиот кадар од земјава е неосновано.

Имајќи предвид дека проектот се очекува да започне со реализација на почетокот на есента и оти ваквата мобилност и до сега не беше беше забранета, од Владата нагласуваат дека не треба да се шпекулира со помпезни бројки и квоти за кои не постои аналитичка поткрепа.

-Ние веруваме во својот потенцијал и квалитет. Регионалната соработка овозможува раст и развој на економијата. Ние и досега имавме размена на работна сила со нашите соседи, а сега со Отворен Балкан бизнисите нема да трпат и да се соочуваат со бирократски процедури кои дури го втурнуваа приватниот сектор и во сива економија. Елиминирањето на овие бирократски процедури како што се легална заработка, плаќање на даноци, осигурување и слично ќе го зголеми економскиот раст, посочуваат од владинот кабинет.

Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан е еден од петте договори што во декември лани на Самитот на иницијативата ги потпишаа лидерите на трите земји од „Отворен Балкан“, тогашниот премиер Зоран Заев, неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ,

Договорот, според најавите, ќе им овозможи на граѓаните од овие три земји слободно да се движат и да работат во земјите потписнички на договорот. Со одредбите од договорот се поедноставуваат процедурите за еднаков пристап до пазарот на трудот во регионот по примерот на ЕУ, со што, како што беше истакнато на потпишувањето,се прави чекор повеќе кон прифаќање на вредностите и практиките во Европската Унија.

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:отворен балкан
Претходен напис МЗШВ: Ги поддржуваме младите – Започнуваме со авансна исплата од 40% на грантот за млад земјоделец
Следен напис Пчелите сакаат вода, поставете им поилки блиску до кошниците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?