Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кои региони во Македонија се најзагрозени од дрвокрадци и како ЈП „Национални шуми“ се справува со бесправната сеча
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Кои региони во Македонија се најзагрозени од дрвокрадци и како ЈП „Национални шуми“ се справува со бесправната сеча
Шумарство и водостопанство

Кои региони во Македонија се најзагрозени од дрвокрадци и како ЈП „Национални шуми“ се справува со бесправната сеча

Објавено 07/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дрвокрадство, односно бесправни сечи имало отсекогаш и тешко се застанува на пат на оваа појава, но ние како јавно претпријатие правиме максимални напори тие да бидат што помали, а на надлежните повисоки инстанци е да определат поголеми казни кои треба редовно и на време да се спроведуваат, што секако ќе влијае на намалувањето на дрвокрадството, рече директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски.

Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за шумите (Сл.в.на РМ, бр.160од 31.10.2014г.), чл.81, ст.3, „Реонското чување на шумите го врши шумочуварска служба во состав на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми”.

При извршени бесправни дејствија припадникот на шумочуварската служба, постапува на следниот начин:
-врши преглед на местото каде што е извршено бесправното дејствие во шумочуварскиот реон и ја утврдува направената штета на бесправно посечената дрвна маса, ги означува пенушките и врши жигосување на затекнатата бесправно посечена дрвна маса со шумски жиг за направена шумска штета;
-врши преглед на средствата со кои се превезува или пренесува бесправно исеченото дрво и дрвните сортименти, врши премер на дрвото и дрвните сортименти и ги жигосува со шумски жиг за направена шумска штета;

-за бесправно исечената дрвна маса изготвува записник и
-доколку е познат сторителот на бесправното дејствие, за бесправно исечената дрвна маса поднесува пријава до одговорното лице во подружницата на шумско стопанство на ЈПНШ.

„Согласно анализираните податоци од електронските извештаи за активноста на шумочуварската служба кои Подружниците ги доставуваат до Секторот за заштита на шумите, надзор и внатрешна контрола, најзагрозени региони од дрвокрадството се Подружниците: Караџица-Скопје, Јабланица-Струга, Лопушник-Кичево и Црн Бор-Прилеп, каде е евидентирано највеќе нарушувања со бесправно посечена дрвна маса.“, рече Груевски.

Реонските шумочувари со полни раце работа
Пред неколку дена, потошно во предвечерието на 4 август, во атарот на село Кнежино, во Шумско стопанската единица Дреново, оддел 13, со која стопанисува подружницата Лопушник од Кичево, од страна на реонските шумочувари повторно биле затекнати лица кои бесправно превезуваат буково огревно дрво, нежигосано и без испратница. По извршената редовна контрола, бесправно исечените дрва се одземени, а против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од ЈП „Национални шуми“.

Разговор со Валентин Груевски, директор на ЈП „Национални шуми“ – Дали Македонија има доволно дрва за следната грејна сезона и што ќе се случува со цените?

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Таг:дрваогревогревно дрво
Претходен напис ЈП „Национални шуми“: Сите кои имаат склучено договор, до почетокот на грејната сезона ќе бидат снабдени со огревно дрво по ланските цени
Следен напис Времето денеска сончево и многу топло, од среда пад на температурите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?