При посета на едно од најубавите македонски села, Лазарополе, имав можност да се запознаам со традицијата на жителите. Секоја година традиционално се одржува локалната манифестација Фестивалот на нарцисот – „Лазарополе цути“, манифестација која ја поврзува локалната лазарополска традиција со природната средина.
Самиот настан се одржува со цел да се заштити и подобри животната средина и да се заштитат прекрасните ливади со нарцис, единствени во регионот пошироко.

Ја пренесов подготвеноста и желбата како Министерство да дадеме поддршка во организација на фестивалот. Еден од приоритетите на МЗШВ е афирмација на локалните манифестации, оваа година со 5 милиони денари поддржуваме 47 локални настани. Продолжуваме и понатаму во таа насока, се со цел одржлив развој и поттикнување на руралниот туризам.
Фејсбук-статус на министерот Љупчо Николовски
