Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Младиот Бојан со семејството одгледува 90 кози: „Земјоделството е најубава работа, кога го работиш она што го сакаш, воопшто не е напорно“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ВИДЕО) Младиот Бојан со семејството одгледува 90 кози: „Земјоделството е најубава работа, кога го работиш она што го сакаш, воопшто не е напорно“
Магазин

(ВИДЕО) Младиот Бојан со семејството одгледува 90 кози: „Земјоделството е најубава работа, кога го работиш она што го сакаш, воопшто не е напорно“

Објавено 02/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Семејството Њежиќ од хрватското село Велика Барна се занимава со одгледување на неколку раси кози, а со овој бизнис се занимаваат втора година. Како што открија за тимот на Земјоделската телевизија, тие претходно се занимавале со одгледување молзни крави, но поради неисплатливост преминале на производство на козјо млеко.

„Од расите имаме албина, санска и некои мешани раси, а подобри се покажаа алпските и планираме да купиме повеќе и на тој начин да го прошириме стадото“, рече Никола Њежиќ, додавајќи дека во моментов одгледуваат околу 90 од нив, а целта им е да достигнат 150 грла. Како што вели, кога имаш толкав број добри грла, тогаш и заработката е добра.

Ги чуваат исклучиво за производство на млеко. Откупот, вели, е редовен, задоволни се од цената, но може и подобро.

„Цената е од 4,5 до 5 куни за литар (околу 60 центи), и зависи од мастите и протеините“, додава тој, велејќи дека е потешко да се откупот на јариња е потежок бидејќи повеќето луѓе преферираат јагнешко месо.

На што се чувствителни козите?
Кога станува збор за молзни кози, тие наведуваат дека нивното одгледување не се разликува премногу од млечните крави освен во хранењето.

„Ги поиме и ги храниме два пати на ден, наутро и навечер, а исто толку се и на пасење“, објаснува Бојан, велејќи дека секој ден има околу шест часа работа.

„Млечните кози мора да јадат повеќе и треба да им се посвети поголемо внимание за да биде што подобро молзењето, приносот на млеко по животно е околу два литра“, додава Никола.

Овие високомлечни грла се чувствителни на несоодветна температура, провев и влажност во шталата, а исто така најважна е чистотата на просторот.

„Земјоделството е најубавата работа. Не сакам да си одам од овде. Се ми е тука!“ вели Бојан кој има голема желба да продолжи да се занимава со оваа дејност.

„Уживам, и затоа работата не ми е заморна. Предноста е што си сам свој шеф. Јас би им препорачал на сите само доволно да се посветат и ќе има успех“, заклучува овој млад човек.

Погледнете повеќе во следното видео:

Може да ви се допадне

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
(РЕЦЕПТ) Лосос од рерна
Таг:козиХрватска
Претходен напис Пченката поскапа од пченицата – недостигаат морепловци во црноморските пристаништа, а Египет откажа голема пратка од Украина
Следен напис Општина Валандово ги повикува граѓаните да пријават штети од невремето најдоцна до 12 август 2022 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?