Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пченката поскапа од пченицата – недостигаат морепловци во црноморските пристаништа, а Египет откажа голема пратка од Украина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пченката поскапа од пченицата – недостигаат морепловци во црноморските пристаништа, а Египет откажа голема пратка од Украина
Агровести

Пченката поскапа од пченицата – недостигаат морепловци во црноморските пристаништа, а Египет откажа голема пратка од Украина

Објавено 02/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Минатата недела цените на житарките нагло пораснаа и покрај постигнатиот договор за деблокирање на пристаништата на Црното Море.

Египет, најголемиот увозник на жито, откажа голема пратка од Украина, што предизвика раст на цената на пченицата која се тргуваше по 343 евра за тон, а договорите за пченка во еден момент пораснаа на 357 евра за тон.

По долго време пченката беше поскапа од пченицата, пренесува Агрархеуте.

Египет бара други добавувачи

Египет ги откажа договорите за вкупно 240.000 тони украинска пченица. Околу 85 отсто од увозот на таа земја доаѓа од регионот на Црното Море. По сите проблеми со купопродажниот договор и неможноста за испорака, очигледно е дека се бараат други добавувачи како Русија, Франција, Романија и Германија за да се зголемат стратешките резерви.

Според прогнозата на USDA, египетскиот увоз во последната маркетиншка година 1021/2022 бил 11,5 милиони тони, а во новата сезона очекуваат 11 милиони тони.

На блокираните бродови им недостасуваат морнари

Околу 80 бродови минатата недела беа заглавени во украинските пристаништа на Црното Море, а во моментов има недостиг на персонал за да ги врати во употреба. Голем број морнари беа евакуирани кога започна војната. Во украинските пристаништа на 94 бродови има околу 2.000 морнари од целиот свет.

Првите пратки украинска пченица, според договорот со посредство на ОН, теоретски би можеле да ги напуштат пристаништата на Црното Море за неколку дена. Проблемот е што малкумина морнари ќе сакаат да патуваат во регионот додека не го видат безбедниот премин на првите бродови што ќе се водат околу морските мини.

Досега седум бродови се погодени од ракети, а два се потонати. Црноморскиот регион е прогласен за ризична зона, што ги зголемува трошоците.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:одесаУкраинацрно море
Претходен напис Колку вода ѝ е потребно на пиперката?
Следен напис (ВИДЕО) Младиот Бојан со семејството одгледува 90 кози: „Земјоделството е најубава работа, кога го работиш она што го сакаш, воопшто не е напорно“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?