Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Гори во Струмичко и во Тетово, локализирани осум пожари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Гори во Струмичко и во Тетово, локализирани осум пожари
Агровести

Гори во Струмичко и во Тетово, локализирани осум пожари

Објавено 26/07/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во земјава активни се два пожара, меѓу струмичките села Требичино и Василево и во Тетово, каде гори депонијата. На терен се излезени екипи на Територијалната противпожарна единица – Тетово (ТППЕ), кои вршат гаснење. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот во Струмичко е на непристапен терен, карпесто-ритчест, а гори нискостеблеста мешана шума и висока трева.

-Пожарот е од вчера во доцните попладневни часови, а активно е гаснет од ТППЕ Струмица и Шумско стопанство „Беласица“ во текот на вчерашниот ден и до доцна во ноќта. Утрово во 5 часот екипите повторно се на терен, дејствуваат и се очекува во текот на денот да се изгасне пожарот, информираат од ЦУК за МИА. Во текот на вчерашниот ден локализирани се осум пожари. Тоа се во општина Неготино, полигон Криволак, општина Чашка, селата Лисиче и Голозинци, општина Илинден, село Миладиновци, општина Делчево, село Стар Иственик, општина Богданци, месност викана Погана, општина Охрид, село Лескоец, општина Велес, меѓу селата Бузалково и Сливник и градската депонија во општина Штип. -Прекинато е надворешното горење и можноста за проширување, но сепак постои внатрешно тлеење на согорливиот материјал од пожарот. Се дежура заради можноста од проширување на пожарот, соопшти ЦУК.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пожари
Претходен напис Битиќи: Со Отворен Балкан полесно го надминуваме недостатокот од храна и струја, како и ризиците од пожари
Следен напис Протестите во Холандија не стивнуваат – 11.200 фарми ќе престанат со работа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?