Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Актуелен шумски пожар во Беровскиот регион на површина од 50 хектари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Актуелен шумски пожар во Беровскиот регион на површина од 50 хектари
Агровести

Актуелен шумски пожар во Беровскиот регион на површина од 50 хектари

Објавено 22/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Утрово е забележан шумски пожар од страна на шумочуварската служба од ПШС Малешево Берово во ШСЕ Губенек –Паруца, м.в. Диовица , меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци. Пожарот е на голема површина, од околу 50 ха, во високостеблена дабова шума на непристапен планински предел.


Во текот на вчерашниот ден на лице место е излезена екипа од десет гасначи од ПШС Малешево Берово и пет од ПШС од Равна Река Пехчево, со по две специјализирани возила за гаснење на шумски пожари. Во текот на денешниот ден во гаснењето на пожарот се вклучија екипи со специјализирани возила од ПШС Плачковица Виница и ПШС Плачковица Радовиш со по едно специјализирано возило за гаснење на пожари, како и противпожарните екипи од Кочани и Берово, Комуналното претпријатие на општина Берово, како и екипа од ДЗС.

Во текот на вчерашниот ден, гаснењето на пожарот било отежнато заради непристапниот терен и засилен северен ветер. Шумскиот пожар сеуште не е ставен под контрола, иако во раните утрински часови е вклучен и еден хеликоптер од АРМ.

Во гаснењето на пожарот е вклучено и месното население по повикот за нивна мобилизација, при што учествуваат со нивна механизација.

Пожарот е оддалечен од патот Берово-Виница шест километри и засега нема опасност по населените места во Беровскиот регион.


Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Претходен напис Пожар во свињарска фарма во штипско Долани
Следен напис Николовски: Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд ставме на располагање за проекти преку мерката 3
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?