Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Усвоен ребалансот на буџетот – За земјоделството дополнителни 3,2 милијарди денари на првично планираните субвенции за стимулирање на приносите и продуктивноста
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Усвоен ребалансот на буџетот – За земјоделството дополнителни 3,2 милијарди денари на првично планираните субвенции за стимулирање на приносите и продуктивноста
Агровести

Усвоен ребалансот на буџетот – За земјоделството дополнителни 3,2 милијарди денари на првично планираните субвенции за стимулирање на приносите и продуктивноста

Објавено 19/07/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Собранието, со 61 глас „за“ го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2022 година. Вкупните приходи во Буџетот за 2022 година се утврдени на ниво од 245,8 милијарди денари, додека вкупните расходи на 288,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3% од БДП, што е пониско во однос на минатата година.

Со ребалансот се обезбедуваат средства за раст на пензиите, ранливите категории на граѓани, раст на платите во одделни дејности во јавниот сектор, средства за фирмите за поддршка на растот на платите во приватниот сектор, дополнителни средства за земјоделците за повисоки приноси и стабилизирање на цените на храната, како и за нови антикризни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и заштита на стопанството од шоковите од тековната ценовна криза.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, образложувајќи го ребаланасот на буџетот во Собранието посочи дека истиот треба да постигне две многу важни цели – да се одржи макроекономската стабилност, што е од суштинско значење за понатамошниот раст и развој на секоја економија и второ, да се поддржи економијата за враќање во претпандемиското ниво, како и социјалната сигурност на граѓаните.

Кај тековните трансфери се прави нагорна корекција за околу 19 милијарди денари. Тука се планирани средства за антикризни мерки, но и други мерки за таргетирана поддршка за надминување на кризата. Во рамки на овие средства планирана е дополнителна финансиска поддршка од 4,7 милијарди денари за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите во услови на продолжена криза на светскиот пазар на енергенси и примарни производи. Проектирани се и дополнителни субвенции и трансфери за земјоделците, односно дополнителни 3,2 милијарди денари на првично планираните субвенции со цел да се стимулираат приносите и продуктивноста, за да се амортизираат на ценовните притисоци на основните прехрамбени производи. Повисоки трансфери планирани се и за општините, пред сѐ поради раст на блок-дотациите за покачување на платите во градинките и во основните и средните училишта за 15%.

Со ребалансот, обезбедени се средства за раст на пензиите, согласно новата методологија за пресметка, според движењето на индексот на трошоците за живот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во висина од 50%. Исто така, предвидени се и субвенции за придонеси за поддршка на работодавачите за раст на платите во приватниот сектор, вклучително и ефектот за субвенционирање на придонесите за минималната плата. Дополнителни 2,4 милијарди денари, предвидени се за корисниците на правото на гарантирана минимална помош.

Капиталните расходи се ревидирани надолу во однос на иницијалниот план, но сепак, тие годинава се на рекордно ниво, односно за 8,8 милијарди денари или 37,8% повисоки во однос на минатата година и за 16,1 милијарди денари, или два пати повисоко во однос на 2020 година.

Министерство за финансии

Може да ви се допадне

Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Таг:Бесими
Претходен напис За колку ќе биде помало производството на житарки во ЕУ во споредба со 2021 година?
Следен напис (ВИДЕО) Ангелов: Работиме во полн ек, пиперот добро напредува, очекуваме успешна реколта како и лани со Договорното производство на органска пиперка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?