Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Соларна енергија и ветерници за надминување на енергетската криза во државата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Соларна енергија и ветерници за надминување на енергетската криза во државата
Агровести

Соларна енергија и ветерници за надминување на енергетската криза во државата

Објавено 19/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Комбиниран модел од соларна енергија и ветерници за производство на електрична енергија, можеби е најдоброто решение за надминување на енергетската криза во државта, смета македонскиот научник и професор на универзитетот „Њујорк“ во Абу Даби, Панче Наумов, пренесува МИА.

Македонија, забележа, е во специфична ситуација, бидејќи изворите на енергија не се еколошки. За изградба на нуклеарна централа, смета дека е мала држава, но, доколку постои политичка волја може да се изнајде заедничко решение со земјите од регинот.

– Не можам да зборувам за употреба на нуклеарна енергија за држава како што е Македонија, бидејќи е мала и опколена со други мали држави. Можеби треба на политичко ниво да се постигне консензус, заеднички да се снабдуваме со исти енергетски извори, истакна Наумов, кој меѓудругото во Обединетите арапски емирати предава и предмет поврзан со одржлива енергија.

Според него, постојат компетентни институции, како МАНУ и Владата кои се занимаваат со оваа проблематика и верува дека ќе го изнајдат вистинскиот пат за во иднина полесно да се справуваме со енергетски кризи каква што е актуелната поради војната во Украина.

Иако ОАЕ, земјата каде што живее десетина години е пустина и изобилува со сончева енергија, изградбата на сончеви колектори не било одржливо решение, бидејќи истражувањата покажале дека не може да ги задоволат потребите, па затоа изградиле нуклеарна централа.

– ОАЕ пред три години изгради нуклеарна централа. Првиот погон е ставен во употреба, а вториот се тестира. Тие заклучија дека сепак нукеларната енергија која се смета како најчиста енергија (не и еколошки), е најефикасен начин на енергија. Само 10 отсто, а може и помалку од енергијата на ОАЕ се добива од соларни системи – посочи Наумов.

Правот со кој изобилува пустината, додаде, предизвикувал проблем во производството на соларна енергија, за што лабараторијата со која раководи создала материјали, што ќе ја одбиваат прашината од сончевите колектори.

– Песокот и правот се наталожува на соларните ќелии и после две недели се намалува ефикасноста за 40 отсто. Многу едноставен проблем има големи последици, што ја намалува ефикасноста. Истражувањата насочени да создадеме материјали кои ќе бидат ставени на површината на тие соларни ќелии и ќе овозможат чистење на површината од ќелиите од правот, односно ќе одбиваат прашина и не дозволуваат да се наталожи, појасни македонскиот научник со светско реноме.

Набавката на опрема за производство на енергија од обновливи извори (инсталирање на фотонапонски панели) – прифатлива инвестиција во Мерка 3 од ИПАРД програмата!

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:ветернициенергетската кризаСоларна енергија
Претходен напис Српските земјоделци не ја продаваат пченицата, чекаат подобра цена
Следен напис (ФОТО) Отстранет сериозен дефект на десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?