Како никогаш до сега Министерството вложува во реализација на капитални проекти за изградба на нови системи за наводнување. Покрај системите за наводнување во Конопница и Пишица со поддршка од Европската Унија го работиме и системот за наводнување во Теарце, со вкупна вредност на инвестиција за овие три капитални проекти од 2,3 милиони евра, средства од ЕУ преку ИПА фондовите.
Системот Славишко Поле е во финална фаза, а интензивно работиме и на системот Чаушица. Уште два капитални проекти за наводнување на земјоделско земјиште поддржани од ИПА фондовите на ЕУ во вредност од 2,5 милиони евра. Со изградбата на овие системи дополнително овозможуваме наводнување за повеќе од 350 хектари земјоделско земјиште.
Преку поддршка од ИПА фондовите обезбедени се и средства во вредност од 3,5 милиони евра за изградба на хидросистеми за наводнување во Сопот и Новаци.
Изразувам благодарност до ЕУ за поддршката во реалзиација на овие каптиални проекти. Вашата поддршка е значајна во подобрувањето и развојот на македонското земјоделство и обезбедувањето на поквалитетна храна.
Фејсбук-статус на министерот Љупчо Николовски
