Доматот е растение на кое му се многу важни соседите. Освен што треба да се садат на богато наѓубрена земја, доматите ќе уживаат само покрај одредени растенија – соседи.
Ова се шест растенија кои не треба да се садат покрај доматите:
- Зелка
До доматите не треба да се садат зелка и сите растенија слични на зелка (карфиол, брокула, прокељ и сл.). Зошто? Затоа што тие, како и доматите, се одлични консументи на витамини и минерали од почвата, па ако ги засадите блиску еден до друг, ќе земаат сила од соседите и ниту едно растение нема да се развива и расте. - Пченка
Друг лош сосед за доматите е пченката, но поради друга причина. Имено, ако насадите пченка во близина на домати, можно е на вашиот домат да му обезбедите паразит – пченкарна златица или доматен црв кој ќе го издупчи плодот и нема да имате ништо од родот. - Анасон
Едноставно, анасонот е лош сосед. Затоа, градинарите предлагаат анасон да се сади посебно во саксија бидејќи едноставно не одговара на ниту едно растение, вклучително и на доматите. Се смета дека анасонот ослободува хемикалија која го забавува растот на другите растенија кои се наоѓаат во негова близина. - Модар патлиџан
Иако добро се согласуваат во чинија, модриит патлиџан треба да се засади одвоено од доматите. Овие две растенија едно на друго си пренесуваат болести кои многу тешко се лекуваат. Затоа одвојте ги во градината. - Компири
Истата приказна како со модриот патлиџан и доматот – компирот ќе биде нападнат од истите болести како и доматите, затоа засадете ги посебно. Компирите може да ги оштетат корените на доматите кои бараат ширина и длабочина. - Орев
Оревот ослободува хемикалии кои влијаат на растот на другите растенија. Сигурно сте забележавте дека дури ни плевел не расте под оревите? Затоа, во близина на орев не се сади зеленчук или овошје.
