Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Повторно отвораме можност за младите студенти. Распишан уште еден јавен оглас за ангажирање на практиканти во секторите и управите на Министерството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Повторно отвораме можност за младите студенти. Распишан уште еден јавен оглас за ангажирање на практиканти во секторите и управите на Министерството
Агровести

МЗШВ: Повторно отвораме можност за младите студенти. Распишан уште еден јавен оглас за ангажирање на практиканти во секторите и управите на Министерството

Објавено 05/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува јавен оглас за ангажирање на шест практиканти, за практиканска работа во секторите и управите на министерството до крајот на годината, односно до 31.12.2023 година.

Преку овој оглас, право за аплицирање имаат дипломирани студенти или студенти на завршна година студии од земјоделските, шумарски и ветеринарни високо образовни институции во државата. Односно студенти од областа на биотехничките науки (наука за земјиште и хидрологија, заштита на растенија, растително производство, пчеларство, овошатарство, лозарство, ветеринарна медицина, добиточно производство, рибарство, шумарство и холтикултура, преработка на дрво, биотехнологија, прехранбена технологија, преработка на анимлани производи), градежништво и водостопанство, правни науки, економски науки и-или природно-математички науки – хемија.

Периодот за практиканската работа изнесува шест месеци со полно работно време. Практикантите за време на практиканската работа остваруваат право на надоместок во висина од 70% од минималната нето плата утврдена согласно закон, за практиканската работа во период до три месеци и надоместок во висина на минималната нето плата утврдена согласно закон, за практиканската работа над три месеци, сметано од четвртиот месец.

Наша цел како министерство е мотивирање на младите и давање можност своето стекнато знаење да го дадат во развој на институциите, но и стекнување на ново знаење и вештини во струката.

Рокот за пријавуање на јавниот оглас е 10 дена од денот на неговото објавување на веб страната на министерството  https://www.mzsv.gov.mk/,  каде заинтересираните може да најдат и повеќе информации за апликацијата и потребните документи при апликацијата.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:јавен огласпрактиканти
Претходен напис Шест растенија кои не е добро да се садат во близина на доматот
Следен напис Пороен дожд и град го зафатиja Штип
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?