Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Законот за советодавни услуги има за цел обезбедување на квалитетни совети и информации на нашите земјоделци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Законот за советодавни услуги има за цел обезбедување на квалитетни совети и информации на нашите земјоделци
Агровести

Николовски: Законот за советодавни услуги има за цел обезбедување на квалитетни совети и информации на нашите земјоделци

Објавено 05/07/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, информираше дека Владата го усвои Законот за советодавен систем во земјоделството и руралниот развој.

Оваа реформа е значаен момент во нашата ангажираност за поддршка на руралните заедници и за развојот на земјоделството. Со ова законско решение создаваме можност за професионализација на советодавните услуги и воспоставуваме систем преку кој на земјоделците ќе им се доближат искуствата и знаењето за најновите практики и технологии во производството, кои директно треба да влијаат да имаме одржливо и конкурентно производство, по европски терк.

Законот за советодавни услуги во земјоделството и руралниот развој има за цел да создаде ефективен и структуриран систем за обезбедување на квалитетни совети и информации на нашите земјоделци.

Земјоделците ќе можат да се консултираат со стручни лица во областа на земјоделството и руралниот развој за сите текови во својата работа.

Посебно важна цел на ова предлог законско решение е структурално и организационо подобрување на постоечкиот советодавен концепт во Република Северна Македонија. Пропишувајќи ги видовите и типовите на советници, програмите и видот на обуките низ кои треба да поминат, условите кои ќе треба да ги исполнат за да бидат регистрирани потенцијалните даватели на советодавни услуги ќе се постигне поголема конкурентност, подобар квалитет и зајакнување на капацитетите на давателите на советодавни услуги.

Со ова решение, Министерството ќе воспостави Регистар на даватели на советодавни услуги кој ќе биде јавно достапен за сите земјоделски стопанства за да им се олесни пристапот до советник со специфична стручност за одредена област, во зависност од типот на производство.

Законот дава основа за формирање на Системот за знаење и иновации во земјоделството, познат како АКИС, кој во моментов е главна стратешка област за развој во Европската Унија и го следиме чекорот во воспоставувањето на овој систем кој слободно можам да кажам дека ќе го имаме први во регионот.

Функционирањето на Советодавниот систем во земјоделството и руралниот развој ќе биде надгледуван и помаган од Советот за мониторинг и координација, кој ќе биде составен од експертска група составена од членови номинирани над 20 институции и организации кои се идентификувани како клучен дел од Системот.

На ова законско решение се работеше транспарентно и инклузивно. Изминативе две години, експертска група формирана од мене како Министер за земјоделство, а со помош од Европската Унија преку проектот за модернизација на советодавните услуги во земјоделството, интензивно работеше на сите потребни подготовки за изработка на овој закон, се одржаа низа јавни презентации пред земјоделците, земјоделските организации и во соработка со јавниот давател на советодавни услуги Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Сакам да изразам честитка и јавна благодарност до експертската група, тимот од Министерството и сите други инволвирани чинители кои со својот придонес овозможија оваа реформа да стане реалност.

Оттука, следен чекор на ова европско законско решение е усвојување во законодавниот дом, Собранието на Република Северна Македонија.“, рече министерот Николовски.

Може да ви се допадне

АМСМ: На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Без струја делови од Сопиште, Бутел, Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров
Македонската берза го почнува проектот за поттикнување и подготовка на домашните компании за пазарно финансирање
Европскиот Парламент одлучи веднаш да исплати 75% од директните плаќања
Директорот на ТИРЗ на средба со белгиско-македонскиот бизнис клуб и Euro-Tech Distribution
Таг:закон за советодавни услуги
Претходен напис Семејството Дочински за првпат во Македонија произведува мед со сушено овошје: Пчеларството за нас е семеен бизнис со целосна посветеност, вклучувајќи нè подеднакво сите и со работа и со нови идеи за унапредување
Следен напис Шест растенија кои не е добро да се садат во близина на доматот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?