До 26 декември трае аплицирањето за Мерка 115: „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“.
Има интерес за аплицирање, затоа потсетуваме за условите и критериумите за мерката.

Цел на мерката е подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство и достигнување на повисоки стандарди од минималните утврдени со законите од областа на земјоделството или новововедени стандарди од областа на земјоделството. Инвестициите согласно оваа мерка се наменети за зголемување на ефикасноста на производството преку намалени трошоци за земјоделско производство и подобрување на квалитетот на земјоделско производство и/или за достигнување на повисоки стандарди од минималните стандарди утврдени со закон или за достигнување на новововедени стандарди согласно со закон и тоа само за оние инвестиции кои се сметаат за дополнителни инвестиции за достигнување на минимални стандарди и не доведуваат до зголемување на производниот капацитет.
Поддршката за оваа мерка подразбира доделување на неповратни финансиски средства (грант) од Буџетот на Република Северна Македонија.
Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до 180.000,00 денари.
Прифатливи трошоци за поддршка на активен женски член во земјоделско домаќинство се следните:
а) набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи и
б) набавка на услуги за спроведување на деловниот план на инвестицијата.“
Прифатливи трошоци:
Набавка на опрема за постбербени активности, преработки на фарма и директен
маркетинг на фарма:
– Овошје и зеленчук вклучувајќи и компири, печурки и мешункасти растенија;
– Житарици, мелнички производи и производи од скроб;
– Растителни и животински масла и масти;
– Шира од грозје, сок од грозје, вино и оцет, маџун и др;
– Месо и месни производи;
– Млеко и млечни производи; (вклучувајќи јајца и живина)
• Опрема за прием, собирање и чување.
• Опрема за подготовка за сортирање, чистење, миење, сушење,
дезинфекција, обложување со восок, сортирање, калибрирање, отстранување
на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти
материјали.
• Опрема за пред-ладење, ладење и замрзнување. Опрема за сечење,
мелење и останата опрема за подготовка пред преработка.
• Опрема за филтрација, де-аерација, ферментација, стабилизација,
сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација.
• Резервоари, танкови.
• Опрема за конзервирање, сушење, десикација, замрзнување.
• Опрема за полнење, флаширање, пакување и означување/етикетирање.
• Зашеметување, искрварување, опрема за горење и опрема за
отстранување на внатрешни органи.
• Опрема за сечење и откостување.
• Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот.
• Опрема за следење на квалитетот, контрола системи со следливост на
прием на производ, складирање и дистрибуција.
• Третман на отпад, валоризација, опрема за ракување и складирање.
• CIP опрема (“clean in place”).
• Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните,
како што се обезбедување на редовен пристап до свежа вода, храна,
сместување на животните пред колење
Оперативни трошоци за маркетинг на преработки од примарни земјоделски производи.
Критериуми
Подносителот на барањето да е жена носител на земјоделското стопанство и · Подносителот на барањето да ги почитува добрите земјоделски пракси и мерките за заштита на природата и благосостојба на животните.
Поблиските критериуми за избор на корисници за поддршка на активен женски член во земјоделското домаќинство се следните:

Најголем број на бодови што може да ги добие корисникот за поддршка на активен женски член во земјоделското домаќинство е 100 бода.
За да биде прифатлив, корисникот за поддршка на активен женски член во земјоделското домаќинство треба да добие најмалку 50 бода.
КОРИСНИЦИ
За проектите од мерка 115, потенцијален корисник е земјоделско стопанство чиј носител е жена, упишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Закон за земјоделството и рурален развој по следниве основи:
Физички лица:
· Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;
· Индивидуален земјоделeц – носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување;
· Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност;
Правни лица:
· Трговски друштва регистрирани согласно Закон за трговски друштва;
· Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва;
НАПОМЕНА: -Барателите треба да го ажурираат статусот и податоците на земјоделското стопанство во Единствениот регистар во земјоделски стопанства и истото можат да го направат во Подрачната Единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Потребни документи:
- Барање за финансиска поддршка генерирано преку системот за електронско поднесување на барање на e-baranie.ipardpa.gov.mk за мерка 115 (барањето треба да се испечати и да биде своерачно потпишано од страна на поднесувачот на барањето)
- Понуди/профактури со детална техничка спецификација за производите за кои се бара финансиска поддршка (оригинал со потпис и печат) (Понудите од странство треба да бидат преведени на Македонски јазик заверени од овластен судски преведувач)
- Деловен план – изготвен согласно Упатсвото за изготвување на деловен план
- Решение за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства
- Годишна даночна пријава (УЈП)
- Потврда од Министерство за труд и социјална политика за социјален статус – самохран родител
- Потврда од Фондот за инвалидско и пензиско осигурување за лица регистрирани како индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување
Барањето за финансиска поддршка се поднесува електронски на e-baranie.ipardpa.gov.mk.
Барањето заедно со пропратната документација треба да се достави во АФПЗРР.
Д-р Славица Михајловска Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
