Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов проект во областа на рибарството и аквакултурата во партнерство со Хрватска и со поддршка од ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Нов проект во областа на рибарството и аквакултурата во партнерство со Хрватска и со поддршка од ЕУ
Фондови

Нов проект во областа на рибарството и аквакултурата во партнерство со Хрватска и со поддршка од ЕУ

Објавено 27/06/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство свечено се одбележа почетокот на Твининг лајт проектот, „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“. На свеченото отворање присуствуваа министерот Николовски, амбасадорката на Република Хрватаска, Н.Е г-ѓа Нивес Тигањ, претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, како и многу гости од домашни институции вклучени во претктот и, експерти од областа рибарство и аквакултура од Република Хрватска.

Проектот е со вредност од 250.000,00 евра и со времетраење од 10 месеци, и има за цел усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ, како и поддршка на капацитетите на институциите полесно да ги совладаат предизвиците кои следат во пристапните преговори.

„Република Северна Македонија е посветена на процесот на европските интеграции и во насока кон остварување на зацртаниот пат кон Европската Унија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, користејќи го Твиниг иструментот побара поддршка од Делегацијата на Европската Унија  во Скопје, од каде предлогот веднаш беше прифатен и благодарение на нивната посветеност и поддршка денес сме тука, да го одбележиме почетокот на овој нов и за нас многу значаен проект“ изјави Николовски.

Главната цел на овој проект е усогласување на националното законодавство во областа на рибарството и аквакултурата преку подготовка на правни акти за пазарни стандарди и информации за потрошувачите за производите од рибарство и аквакултура, за признавање на организации на производители, меѓусекторски организации, како и за структурна поддршка и државна помош во согласност со барањата на Европската Унија и Заедничката рибарска политика. Покрај ова, со проектот ќе се зајакнат административните капацитети на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнство и инспекцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот инспекторат за земјоделство преку блиска соработка, работилници и студиски посети.

„Во овој момент, постоечките правила и прописи кои се однесуваат на пазарната политика, структурните активности и државната помош се делумно усогласени со правото на ЕУ.  Со спроведување на активностите од овој проект ќе се постигне понатамошно усогласување со барањата на Европската Унија за овие области. Со помош на овој проект ќе се изработат правни акти како што е изработка на нов закон за  уредување на структурните активности, правилници од делот на заедничкото уредување на пазарите, како и други пропратни акти, а се со цел усогласување со правилата на Европската Унија за Поглавје 13-Рибарство“ потенцираше министерот Николовски.. 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантво е главен корисник на проектот, додека пак проектен партнер од земја членка е Министерството за земјоделство на Република Хрватска.

„Хрватска ја препозна Северна Македонија како одличен патнер за соработка, ова е 15 –ти проект кој го спроведуваме во соработка со вашата земја. Како земја со долга традиција од областа на рибарството и културата ќе ни биде драго нашите експерти да им го пренесат своето искуство на македонските експерти, со што ќе се олесни постигнувањето на целта на овој проект а тоа е хармонизација на македонското законодавство со европските регулативи во областа на рибарство и аквакултура“ рече Н.Е г-ѓа Нивес Тигањ. Исто така, амбасадорката потенцираше дека Хрватска е голем поддржувач во процесот на интеграцијата на Северна Македонија во европското семјество.

Министерот Николовски упати благодарност до Делегацијата на Европската Унија за поддршката која ни ја дава за развој на земјоделскиот сектор, не само за овој проект туку и за сите други проекти кои ги реализираме со финансиска поддршка од Делегацијата.

„Драго ми е што во овој проект покрај претставници на Министерството, вклучени се и претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и претставници на Државниот инспекторат за земјоделство. Ова е особено важно во процесот на пристапување кон ЕУ, бидејќи само со силна и подготвена администрација ќе можеме да чекориме кон патот на европските интеграции и ЕУ“ рече Николовски.

Може да ви се допадне

Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
Албанија напредува во преговорите со ЕУ – Рама и Кос: Европската интеграција влегува во одлучувачка фаза
ЕУ го казни „Тему“ со 200 милиони евра заради нудење и пласирање нелегални производи
Просечната работна недела во ЕУ е 35,9 часа, во Македонија 39,5
Новиот европски план за ѓубрива: Поголема поддршка за земјоделците и развој на биолошки ѓубрива
Таг:еурибарствотоХрватска
Претходен напис Реализирана исплатата за заклани гоеници од програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството
Следен напис Се продаваат Оранжериите на АД Градинар – Свети Николе, холандски тип на 35 хектари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?