Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со едриличарска прошетка одбележан Денот на Охридското Езеро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Со едриличарска прошетка одбележан Денот на Охридското Езеро
Магазин

Со едриличарска прошетка одбележан Денот на Охридското Езеро

Објавено 21/06/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Со едриличарска прошетка по езерото денеска во Охрид беше одбележан 21 јуни – Денот на Охридското Езеро. На манифестацијата присуствуваа градоначалниците на општините Охрид, Дебрца и Поградец, Кирил Пецаков, Зоран Ногачески и Илир Џаколи, кои запловија со едрилица од Градското пристаниште до плажата „Кај Дивото“. На настанот не присуствуваше градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко.

Тројцата градоначалници беа едногласни дека заштитата на езерото треба да остане приоритет за крајезерските општини.

Aктивната соработка меѓу Охрид, Струга и Дебрца од македонска и Поградец од албанска страна е започната пред неколку години, а според Пецаков, ја дефинира потребата за вложување на заеднички напори во поставување база за соработка, која ќе биде појдовна точка за напредокот во регионот на Охридското Езеро.

– И оваа година традиционално го прославуваме 21 јуни како Ден на Охридското езеро, со силна верба дека ќе направиме се за неговата заштита и промоција, како наше заедничко уникатно природно богатство, истакна Пецаков.

Со помош на Едриличарската федерација на Македонија и ЕУ, тој нагласи дека сакаат да ја покажат посветеноста на еколошкиот аспект, а охридските едрилици, според него, се патоказ како во иднина треба да изгледа нашиот бисер.

– Треба да направиме се, грижата за Охридското Езеро, како огромна природна вредност, да добие соодветна валоризација во заедничките напори и взаемната соработка за заштита и прогрес на езерскиот регион како географска целина, која има слични економски, социолошки и еколошки карактеристики, подвлече Пецаков.

Градоначалникот на Поградец забележа дека мора заеднички да менаџираат со езерото со апел за изнаоѓање решенија за слободно движење на граѓаните од двете страни на границата.

– Ние мора заеднички да менаџираме со езерото имајќи ги предвид туризмот, економијата и културните вредности. Сакам да упатам апел и до градоначалниците дека треба да изнајдеме начини за надминување на бирократијата за слободно движење на граѓаните од двете страни на границата. Сметам дека ова ќе помогне многу за развој на туризмот на двете страни. Ќе продолжиме да ја продлабочуваме соработката бидејќи ова езеро не спојува сите, рече Џаколи.

За Ногачески ова е уште еден момент за реафирмација на ставовите и заложбите, кои ги имаат изградено за обезбедување на максимална заштита на светското, природно и културно наследство во регионот на Охридското Езеро.

– Ова е заложба на сите кои сме вклучени во овој процес почнувајќи од општините од македонската страна, имаме одлична соработка не само во процесот на исполнување на сите препораки од УНЕСКО, исполнувањето на националните и меѓународни обврски во поглед на заштита на светското, природно и културно наследство и секако соработката која се одвива на планот на репрогласување на Охридското Езеро како споменик на природата. Таа соработка на неодамнешната средба во Тушемиште веќе ја префрламе и на билатерално ниво, значи целосна една заштита на регионот на Охридско Езеро е можна само со вклучување на сите засегнати чинители, посочи Ногачески.

Во рамките на одбележувањето на Денот на Охридското Езеро, Археолошки музеј на Република Северна Македонија во соработка со Универзитетот од Берн и музејот „д-р Никола Незлобински” во Струга одржуваат отворен ден за подводната археологија во Охридското-струшкиот регион. Присутните имаат можност да се запознаат со методологијата на работа при подводни археолошки истражувања, резултатите од истражувањата кои се во тек, како и дел од движниот археолошки материјал.

Програмата треба да продолжи вечер со солистички концерт на познатиот пијанист Алекандар Јаковлев во црквата Св. Софија во Охрид.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Охридското Езеро
Претходен напис Водата од три јавни чешми во Прилепско не е за употреба
Следен напис Времето денеска ќе биде сончево и топло до 38 степени, попладне дожд, грмежи и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?