Од три крајпатни чешми во Прилеп, а се поврзани со водоводна мрежа, водата не одговара за употреба. Ова предупредување до граѓаните го упатуваат од прилепската локална самоуправа.
Конкретно, за употреба не е водата од јавната чешма во село Волково, од јавната чешма во прилепското село Прилепец и од крајпатната чешма Свети Спас во атарот на селото Волково.
