Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Илиевски кај тутунарите: Квалитетот на тутунот е одличен, Владата нека спрема поголем фонд за субвенции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Илиевски кај тутунарите: Квалитетот на тутунот е одличен, Владата нека спрема поголем фонд за субвенции
АгровестАгровести

Илиевски кај тутунарите: Квалитетот на тутунот е одличен, Владата нека спрема поголем фонд за субвенции

Објавено 14/12/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На откупниот пункт во Сокотаб – Битола се носат кутии, се проценува тутунот, се одредуваат класи…откупот на тутунот од последната реколта е во тек.

Раководителот на ПЕ на министерството за земјоделство во Битола, Методија Илиевски неделава беше во посета на неколку откупни пунктови за лично да се увери како се одвива откупот на тутунот.

-Од ова што може да се види, но и од разговорите со тутунопроизводителите можеме да заклучиме дека годинава ќе ја одбележи одличен квалитет на тутун и задоволни производители од класата во која им се проценува. За Владата тоа ќе значи зголемен фонд за субвенции бидејќи субвенциит се покачени и тоа 80 денари за прва класа, 70 денари за килограм тутун за втора класа и сите други 60 денари за килограм, а денеска земјоделците ми кажуваат дека најмногу им се цени во прва и втора класа – изјави за Агротим, Илиевски.

Тутунопризводителите од битолските села Жабени и Долно Оризари кои имаа донесено тутун за проценка, велат дека добро поминале.

-Најмногу ни помина во прва и втора класа. Донесовме дел од производството од кое сме многу задоволни. Тутунот годинава има навистина одличен квалитет и монополите треба да го платат повеќе – велат земјоделците.

Раководителот Илиевски ги информираше тутунопроизводителите за новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, а измените предвидуваат укинување на евидентните листови или т.н. „бели картони“, процес кој ќе започне да се применува од 2020 година. Со оваа законска одредба значајно ќе се намалат административните процедури за тутунарите. 

Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Таг:класиоткуппунктсубвенциитутунфонд
Претходен напис Слатката приказна на Наташа Исковска: ,,Не е важно колку другите веруваат во тебе, важно е колку ти веруваш во себе”
Следен напис Инспекциски служби вршат проверка на работењето на концесионерот со Охридското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?