Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, во текот на вчерашниот ден ги посети фабриката ТАБ МАК, и рудникот Булмак.
„Заедно со премиерот Димитар Ковачевски и заменик претседателот Фатмир Битиќи и градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов сме во посета на фабриката ТАБ МАК и рудникот Булмак.

Ова се две успешни компании, две успешни економски приказни кои и во време на криза преку мерките кои како Влада ги носиме за поддршка на компаниите во услови на криза, го зголемуваат производството, отвораат нови вработувања, и можности за развој на македонскиот Исток.

Трендот на раст и развој на компаниите е значаен за одржлив развој и на општина Пробиштип. Како Влада остануваме посветени за грижата на граѓаните, на работниците и на зголемување на животниот стандард.“, стои во објавата на министерот Николовски.

