Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: И годинава АХВ со поддршка на глобалната иницијатива за одбележување на 7 јуни – Светски ден на безбедна храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > И годинава АХВ со поддршка на глобалната иницијатива за одбележување на 7 јуни – Светски ден на безбедна храна
Агровести

И годинава АХВ со поддршка на глобалната иницијатива за одбележување на 7 јуни – Светски ден на безбедна храна

Објавено 06/06/2022
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и оваа година ја поддржува глобалната кампања за одбележување на Светскиот ден на безбедна храна – 7 јуни, која годинава по четврти пат ќе се одржи утре под мотото ,,Побезбедна храна, подобро здравје“. Како одговорна институција за контрола и унапредување на безбедноста на храната, во интерес на здравјето на граѓаните, АХВ континуирано работи на превенирање и управување со ризиците поврзани со храната, а со тоа за зголемување на економскиот развој на земјава, на земјоделството и пазарите.

-Современиот начин на живеење диктира исклучително брзо темпо, а ова и од нас како институција бара брза реакција и засилување на превентивните активности, со кои на граѓаните ќе им гарантираме не само дека ќе имаат доволни количини, туку пред се, ќе имаат безбедна храна. Спроведувањето на инспекциските контроли е само дел од нив.
Во првите три месеци од годинава спроведени се над 12 илјади контроли. За констатираните недоследности изречени се вкупно 1 384 мерки. Донесени се 942 решенија, спроведени се 320 едукации на операторите со храна и поднесени се 23 прекршочни пријави. Во првото тромесечје од годинава не е поднесена ниту една кривична пријава. Како небезбедни нештетно се уништени 38 399 килограми храна, од кои најголемиот дел, односно 23 792 килограми, од страна на инспекторите – по повод утрешното одбележување на 7 јуни – Светски ден на безбедна храна, вели Николче Бабовски, директор на АХВ.

Потврда за безбедноста на храната која ја увезуваме се спроведените контроли на граничните премини. Од јануари заклучно со март, нема вратени или уништени небезбедни пратки со храна од неживотинско потекло. Забранет е влез на три пратки од увоз со храна од животинско потекло со вкупна тежина од 33 898 килограми, а нема уништени небезбедни пратки со овој тип на храна. Во истиот период годинава, нема ниту забранети ниту поништени небезбедни пратки од увоз со производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната.
Во 2021 година, информира Бабовски, од страна на официјалните ветеринари и инспекторите за храна беа спроведени вкупно 49 590 инспекциски надзори, изречени се вкупно 6 760 инспекциски мерки.
Од почетокот на годинава до крајот на мај до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, поднесени се 194 претставки од граѓани. Според наводите кои се однесуваат на безбедноста на храната 7 претставки се однесуваат на сомнеж во безбедност на производи, 20 претставки се за продажба на производи со поминат рок на употреба, 9 се со наводи за производи со променети органолептички својства, 7 претставки со наводи за присуство на контаминенти во производи, а 4 претставки се однесуваат на несоодветно означување на производи. Како небезбедни, од почетокот на годинава заклучно со мај, уништени се над 2,7 тони небезбедна храна при постапување на официјалните ветеринари и инспекторите за храна по претставките.
До АХВ минатата година беа 418 претставки, над 50 проценти од областа на ветеринарството, здравствената заштита и благосостојба на животните, односно неодговорно сопствеништво и бездомните кучиња /напади и каснување од бездомни кучиња. 35 проценти од претставките биле за храната од неживотинско потекло, 9 проценти на храната од животинско потекло и од аспект на безбедноста тие се однесувале на неодржување на контролните системи од страна нa производителите (Добри хигиенски пракси, Добри производни пракси / НАССР системот), на
неприменување на мерките во врска со КОВИД- 19, производи со поминат рок на употреба, загадувачи/контаминенти во храната, производи со изменети органолептички својства, квалитет и измами со храна, сомнеж за труење со храна. Во рамки на постапувањата по претставки и предлози донесени се 114 решенија, земени се 34 примероци/мостри за лабораториски тестирања, наплатени се 54 глоби, спроведени се 28 едукации и покренати се 3 прекршочни постапки. Како небезбедна, постапувајќи по поднесените претставки, инспекциските служби минатата година уништиле приближно 4 тони храна.
-Безбедноста на храната е грижа на сите вклучени во системот, почнувајќи од државата
и институциите, операторите со храна и самите потрошувачи. Потврда на функционалноста на интегрираниот систем за контрола на безбедноста на храната кој го има имплементирано АХВ е фактот дека од година во година се намалува бројот на случаите на труења со храна на лица кои завршиле на болничко лекување. Согласно податоците кои АХВ ги добива од Институтот за јавно здравје, од почетокот на годинава досега, не е евидентиран случај на труење со храна. Во 2021 година пријавени беа 2 труења, во 2020 имаше само еден случај. Во 2019 година евидентирани се 3
инциденти, во 2018 – 8, а во 2017 година, 10 труења со храна – заклучува Бабовски.

Агенција за храна и ветеринарство

Може да ви се допадне

ЕУ почнува преговори со Западен Балкан за вклучување во зоната „Роаминг како дома“
Најавено 9-то издание на Ecommerce Conference во Скопје – најзначајниот регионален настан за дигитален бизнис и е-трговија
Зголемени и извозот и увозот, најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија
Миланов: Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин
Научници во Ангола идентификувале над 70 нови видови инсекти 
Таг:ахв
Претходен напис Јавен повик за доставување барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година
Следен напис (ФОТО) Невреме проследено со град во Делчевско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?