Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пиперка куртовска капија – Пресадувањето се врши во средината на мај на добро наѓубрена почва, која е песоклива и растресита
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Пиперка куртовска капија – Пресадувањето се врши во средината на мај на добро наѓубрена почва, која е песоклива и растресита
Растително производство

Пиперка куртовска капија – Пресадувањето се врши во средината на мај на добро наѓубрена почва, која е песоклива и растресита

Објавено 06/06/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Куртовската капија е пиперка со интензивна црвена боја, цврста и компактна. Се карактеризира со висок раст и висечки плодови.

Што се однесува до зреењето, пиперката куртовска капија припаѓа на доцните сорти. Многу е вкусна и родна. Ова е најдобрата пиперка за ајвар, а приносите се движат до 30 т/ха.

Сеење на семето
Кога станува збор за пиперката куртовска капија, сеењето на семето се врши кон крајот на март. За да никне брзо и правилно, потребна е топлина и влага во почвата. Од таа причина најдобро е да се одгледува во расадник каде што ќе ѝ се обезбедат сите потребни услови.

Во идеални услови, треба да никне за 10-15 дена. Кога треба да го посеете семето во расадникот, се препорачува 4 дена пред сеидбата да ги ставите семките од пиперката во млак чај од камилица и потоа да го посеете во плитки леи.

Садење на расадот

Расадот треба да се „кали“ пред да се изнесe на полето. Тоа значи дека е потребно најмалку една недела да биде изложен на природни услови (директна сончева светлина, студени ноќи, дожд, ветер итн.).
Расадувањето треба да се врши по дожд, на облачно време. Ако расадот се одгледува во контејнери, може да се сади и на топло и сончево време. За превентивни цели, растенијата треба да се испрскаат со бакар и системски инсектицид додека се уште се во леите. Обилно наводнување треба да се изврши ден пред корнењето.

Доколку садењето на расадот се врши во заштитен простор, нема потреба од калење. Ископајте дупки за садење, ставете вода и потоа засадете го расадот во калта. По садењето, веднаш следи наводнување. Младите растенија треба да се третираат внимателно. Длабочината на садење е до првите ливчиња на стеблото, а се прави на 50 × 25 см по едно растение.

Одгледување и грижа

По никнување на растенијата, пресадувањето се врши во средината на мај на добро наѓубрена почва, која е песоклива и растресита, со растојание од 50 × 25 см. Се препорачува да се постават 2-3 садници заедно, бидејќи тие подобро напредуваат кога ќе се стават заедно.

Прихранувањето е многу важна агротехничка мерка. Потребни се барем две прихранувања, а за принос од над 35 тони/ха потребно е и трето прихранување. Првото се изведува околу 20 дена по расадувањето со азотно ѓубриво на пр. KAN, околу 250‐300 кг/ха. второто на 20 дена после првото со комбинирани ѓубрива NPK, со 200кг/ха KAN и 200кг/ха 10‐30‐20 или 15‐15‐15. Ако има потреба од трето прихранување тогаш се оди како во претходното прихранување.

Принос дава во август и септември.
Пиперките бараат висока и постојана температура и влажност на почвата. Оптималната температура за ртење е 25-30° C. Пиперките треба редовно да се полеваат, а стебленцата што не се развиле правилно треба да се откорнат. Оваа пиперка брзо се зафаќа кога се сади и бара голема топлина и влажност на почвата.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:куртовска капија
Претходен напис Нов помор на пчели во Хрватска – Пчеларите се сомневаат дека причина за тоа се пестицидите
Следен напис Москва ќе дозволи извоз на жито од пристаништето Одеса
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?