Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Предвидувањата на ФАО за глобалното производство на житарки – Се очекува цените и за следната сезона да останат високи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Предвидувањата на ФАО за глобалното производство на житарки – Се очекува цените и за следната сезона да останат високи
Агровести

Предвидувањата на ФАО за глобалното производство на житарки – Се очекува цените и за следната сезона да останат високи

Објавено 06/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на првичните прогнози на ФАО за глобално производство на житарки во 2022 година и нивна употреба во 2022/23 година, нивното производство не би било доволно за да се исполнат очекуваните барања за употреба. Тоа значи дека ќе дојде до намалување на глобалните залихи од 0,4 отсто во однос на нивното почетно ниво, на 847 милиони тони.

Кога ќе се направи преглед на моменталното ниво на искористеност и прогноза на залихите, односот на светските залихи на житни култури за употреба би се намалил од 30,5 отсто во 2021/22 година, на 29,6 отсто во 2022/23 година, што е најниско ниво од 2013/14 година, но сепак далеку над рекордното ниско ниво од 21,4 отсто регистрирано во 2007/08 година. Најголемо намалување се очекува да има кај залихите на пченка, но и на јачмен и ориз, додека кај пченицата и сиракот веројатно ќе се зголемат.

Светската трговија со житарки би можела да падне на најниското ниво во последните три години, кое се проценува на 463 милиони тони, 2,6 отсто под нивото во 2021/22 година.

Индексот на цените на житарки на ФАО во мај достигна нов рекорд на сите времиња и е за 29,7 отсто над вредноста од претходната година. Се очекува цените за следната сезона да останат високи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:житофао
Претходен напис Што носи глобалната жетва на пченица во 2022 година и каква е ситуацијата кај најголемите производители?
Следен напис Нов помор на пчели во Хрватска – Пчеларите се сомневаат дека причина за тоа се пестицидите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?