Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Што носи глобалната жетва на пченица во 2022 година и каква е ситуацијата кај најголемите производители?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Што носи глобалната жетва на пченица во 2022 година и каква е ситуацијата кај најголемите производители?
Агровести

Што носи глобалната жетва на пченица во 2022 година и каква е ситуацијата кај најголемите производители?

Објавено 06/06/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светот влезе во фаза на неизвесност и несигурност кога е храната во прашање. Природните непогоди, војната во Украина и инфлацијата донесоа стравувања дали ќе се произведе доволно и дали населението ќе може да купи.

Најголем проблем е со житарките и маслото. Некои земји го ограничија или забранија извозот со цел да го заштитат домашниот пазар и да обезбедат храна за своето население.

Помалку житарки во САД

Овогодинешната сеидба не помина според очекувањата во САД. Обилниот дожд на почетокот ги забави работите и покрај желбата да се сее повеќе пролетна пченица и да се искористат повисоките цени на светскиот пазар, велат од Еурактив.

Продолжението на сезоната не беше оптимистичко. Сушата и високите трошоци ги намалија површините и изгледите за добра жетва.

До 22 мај, американските земјоделци посеале само 49 отсто од планираните хектари пролетна пченица, што е најбавно темпо од 2014 година, според податоците на американското Министерство за земјоделство. Исто така, површините под оваа житарка се намалени бидејќи производителите се свртеа кон одгледување пченка и соја поради побарувачката од производителите на биогориво. За ова придонесуваат и климатските промени кои го скратуваат времето за сеидба.

Земјоделците во Канзас оваа година би можеле да остават илјадници хектари пченица на полињата наместо да плаќаат за жетвата на житото изгорено од сушата.

Австралија очекува богата жетва

Во Австралија се очекува богата жетва на пченица во 2022 година. Ројтерс наведува дека ова е трета родна година во која временските услови во плодните области фаворизираат високи приноси.

Оваа земја во сезоната 2021/22 стана вториот најголем извозник на оваа житарка во светот. Сеидбата неодамна беше завршена на околу 14,45 милиони хектари, што е рекордна површина досега засеана таму. Ова се должи на зголемувањето на цените и побарувачката на светскиот пазар. Се очекуваат приноси од 30 до 35 милиони тони, додека во последните десет години приносот во просек е 24,8 милиони тони, соопшти Агенцијата за економија, земјоделски науки и ресурси (ABARES). Австралискиот Premium White (APW) имаше цена од 413 евра за тон, што е нешто пониско од рекордните 432 евра за тон од пред неколку недели.

Најголемите купувачи на австралиска пченица доаѓаат од Азија. Кина е на прво место, а по неа е Индонезија, која е најголем клиент во светот. Според податоците на USDA, глобалното производство на пченица се очекува да падне на 774,83 милиони тони во 2022-2323 година, од 779,29 милиони тони една година порано.

Руска пченица

Според АПК-Информ, Министерството за земјоделство на Русија предвидува производство на житарки од 130 милиони тони во 2022 година и рекордни приноси. Во исто време, Аркадиј Злочевски, претседател на Рускиот синдикат за житарки, вели дека тоа е малку веројатно и предвидува принос на житарки од 120 милиони тони, вклучувајќи 80 милиони тони пченица во 2022 година.

Тој ја заснова прогнозата на 19 милиони хектари зимски житни култури и намалена стапка на употреба на ѓубрива применета на 16,6 милиони хектари. Тој наведува дека недостига механизација и потребни количини ѓубрива.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Австралијаглобален пазарпченицапченкаРусија
Претходен напис РКЕ и денеска ќе одлучува за цените на горивата
Следен напис Предвидувањата на ФАО за глобалното производство на житарки – Се очекува цените и за следната сезона да останат високи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?