Втора година по ред продолжува проектот на Агротим и Програмата за зголемување на пазарната вработливост – И.М.Е Програма.– „Договорно производство на органска пиперка“ заедно со советници за органско производство, земјоделци и преработувачи,
Тоа што лани беше пилот проект, испитување на можности и перспектива, се покажа како успешно завршена работа и одлична основа за да се продолжи со органско во преод втора година и конечно следната година да имаме сертифицирани органски пиперки за кои преработувачите плаќаат висока цена.

Годинава имаме и нови земјоделци кои се придружија на проектот со органско производство во преод прва година. Таков примерот со младиот Никола Ќиров од Кавадарци кај кого деновиве имаше интензивна работа околу расадувањето на пиперката.
Еве како изгледаат неговите 3 ха во овој период кога започнува интензивното производство на нива, а во подготовка е видео репортажа за начинот на расадување и очекувањата на Ќиров од ова производство.
Следете Агротим, ќе ја пренесуваме секоја фаза од развојот, секоја агротехничка мерка во производството на органска пиперка.









