Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: САД и писмено ќе одобрат извоз на руско жито и ѓубрива
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > САД и писмено ќе одобрат извоз на руско жито и ѓубрива
Агровести

САД и писмено ќе одобрат извоз на руско жито и ѓубрива

Објавено 01/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

САД се подготвени да им издадат писмени дозволи на превозниците и осигурителните компании, со цел да се олесни извозот на руското жито и ѓубрива, изјави американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас – Гринфилд.

Руските житарици и ѓубрива не се опфатени со американските санкции, нагласи таа, но „компаниите се малку нервозни и подготвени сме да им издадеме писмени потврди, доколку тоа помогне да се охрабрат”.

Портпаролот на ОН, Стефан Дужариќ во текот на вчерашниот ден изјави дека шефицата на УНКТАД, Ребека Гринспан во Москва „конструктивно дискутираше” со првиот потпретседател на руската Влада, Андреј Белоусов, за создавање услови за непречен извоз на руски житарки и ѓубрива.

Гринспан сега во Вашингтон разговара за истиот проблем, „со клучна цел да се решат сите изразени глобални прехранбени несигурности”, според Дужариќ.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во мај ги посети Москва и Киев и паралелно се обидува да посредува во создавањето, како што го нарекува, „пакет аранжманот” за продолжување на украинскиот извоз на храна и рускиот извоз на храна и ѓубрива.

Руската инвазија на Украина и западните санкции против Москва предизвикаа силен раст на цените на житариците, маслата за јадење, горивата и на ѓубривата. Предизвикаа глобална прехранбена криза, потсетуваат медиуми.

Русија и Украина произведуваат речиси една третина од светската пченица. Русија е и клучен извозник на ѓубрива, а Украина водечки извозник на пченка и на сончогледово масло.

Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, Украина не извезува житарици преку пристаништа на Црното Море и над 20 милиони тони жито е заглавено во силоси. Москва пак тврди оти нејзиниот извоз на ѓубрива и на житарици е нарушен поради воведените санкции.

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот изјави дека Русија, во координација со Турција, е подготвена да го олесни извозот на житарици од украински пристаништа, според соопштение на Кремљ, по разговор со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:житоРусија
Претходен напис 11 домашни семејни компании заеднички ги пласираат своите производи под брендот „Премиум“
Следен напис Општина Неготино со иницијатива за спас на браната Липа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?