Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците од Прилепскиот регион – активни корисници на владините мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците од Прилепскиот регион – активни корисници на владините мерки
Агровести

Земјоделците од Прилепскиот регион – активни корисници на владините мерки

Објавено 13/12/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со цел да се увери во начинот на кој се спроведуваат владините мерки во земјоделството, градоначалникот Илија Јованоски посети неколку земјоделски семејства во населените места во општина Прилеп.

После средбите со земјоделците, Јованоски вели дека може да се заклучи дека земјоделците често ја користат можноста да дојдат до грантовите кои ги доделува Владата, што во голема мера им помага во извршувањето на земјоделските работи.

„Оваа година неповратните средства кои им се доделија на младите земјоделци беа во висина од 10.000 евра, средства наменети за купување на работни машини, земјоделска и приклучна механизација.

За следната година висината на средставата кои ги доделуваВладата ќе изнесува 20.000 евра, што во голема мера ќе им биде од корист на младите земјоделци на кои ќе им биде олеснета работата, а истовремено ќе придонесе и за зголемување на производството“, истакна Јованоски.

Кире Богоески, земјоделец и сточар од с.Чепигово, обработува десетина хектари земја, заради што имал потреба од земјоделска механизација. Со аплицирањето на огласот за млад земјоделец, добил трактор.

„Со тоа многу ми се олесна работата, така што се надевам дека оваа мерка ќе продолжи и во иднина, дека ќе биде уште повисока и дека ќе има уште поголем број на млади земјоделци кои ќе добиваат ваква или слична помош. Тоа ќе придонесе за развој на земјоделието и за поголем пласман на производите како дома, така и надвор, да бидеме конкурентни на пазарот и станеме лидери, први во регионот“, вели Богоески.

Каролина Ристеска е жена земјоделец од с.Мало Коњари, чие семејство брои 7 членови и кое што произведува различни видови на земјоделски производи.

„Ние сме седумчлено семејство, произведуваме од се’ по нешто: тутун, житарици, сончоглед и секаков друг вид на земјоделски производи. Задоволни сме од субвенциите за тутунот и со другите субвенции, како и од семенскиот материјаш што го добиваме за сеење на житните култури“, напоменува Ристеска.

Зоран Пачешкоски, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство – Прилеп, истакна дека е задоволен од фактот што мерките на Владата се користат на правилен начин и што средствата завршуваат кај вистинските земјоделци. Пачешкоски потсети на јавниот повик кој е во тек, а со кој со 3.000 евра неповратни средства се субвенционираат жените кои се занимаваат со земјоделие, а упати и апел до граѓаните кои се занимаваат со земјоделие да појдат во Подрачната единица на Министерството и да ги подигнат картичките за „зелена нафта“.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Владини мерки за земјоделствотоЗемјоделците од прилепскоПрилепски регион
Претходен напис (ВИДЕО) Свечено отварање на „Подгорка“ од Струга, инвестиција вредна 5,5 милиони евра со поддршка од ИПАРД
Следен напис Во Валона блокирани 2,1 тони пилешко месо од Полска поради салмонела
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?