Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Во Валона блокирани 2,1 тони пилешко месо од Полска поради салмонела


Регионалната дирекција на албанската Национална агенција за храна во приморскиот град Валона, блокираше 2.130 килограми пилешко месо.

Од месото, што е потекло од Полска, веднаш по пристигнувањето земени се мостри и од анализата било утврдено присуство на салмонела (Salmonella Enterica Ser. Enteritidis).

Пратката прстигнала кај правен субјект што се занмавал со „трговија со млечни и месни производи“

-Кај субјектот прстигна пратка од 2.130 килограми непреработено пилешко месо, спакувано во картонски кутии во тежина од по 10 килограми и замрзнато на -18 степени Целзиусови. По извршените анализи беше потврдено присуство на Салмонела“, информираа од албанската Национална агенција (АКУ).

Месото ќе биде унштено.

Во септември, во Драч агенцијата забрани увоз на 27 тони пилешко месо од Бразил, а наменето за албанскиот пазар откако беше констатирано дека е небезбедно за консумирање.

Кусо пред тоа беше забранет влез на вкупно 387,1 тони свинско и пилешко месо увезени од Бразил, Канада и Кипар и беа вратени назад во земјата на потекло. Од вкупната колична, 53 тони беа со крајна дестинација Косово.

Од поодамна албанската агенција за храна врши ригорозна контрола на месото бидејќи честопати трговците увезуваат месо што е проблематично за исхрана.

МИА

Дек 13, 2019agrotim2
Земјоделците од Прилепскиот регион – активни корисници на владините меркиНиколовски: Пред две години беше нива, а денес тука се отвори најголемиот ИПАРД проект

Напишете коментар Откажи одговор

13/12/2019 АгровестиВалона, Национална агенција за храна, Пилешко месо, Салмонела151

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019