Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ бара од пратениците едногласно да го усвојат Законот за земјоделство и рурален развој како приоритетен на денешната пленарна седница на Собранието
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ бара од пратениците едногласно да го усвојат Законот за земјоделство и рурален развој како приоритетен на денешната пленарна седница на Собранието
Агровести

МЗШВ бара од пратениците едногласно да го усвојат Законот за земјоделство и рурален развој како приоритетен на денешната пленарна седница на Собранието

Објавено 30/05/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Покажаниот консензус во рамки на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство при Собранието, кој значеше едногласно усвојување на Законот за земјоделство и рурален развој потребно е пратениците да го покажат и за време на денешната пленарна седница. За таа цел, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бара од сите пратеници едногласно да ги усвојат измените и дополнувањата на овој Закон и тоа како прва точка на дневниот ред на денешната 64-та пленарна седница на Собранието закажана за 12:10 часот.

Потсетуваме дека со усвојувањето на измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој предложен од група пратеници уште на 23.2.2022 година директно се помага на повеќе од 20.000 семејства кои живеат од производство на тутун. Со усвојувањето на Законот се отвора пат уште утре да можеме да ја реализираме исплата на субвенциите за оваа важна група на земјоделци кои се наоѓаат во екот на подготовки за нова реколта. 

Истакнуваме дека блокадите кои се насочени кон остварувањето на правата на земјоделците се целосно неоправдани и водат кон отежнување на состојбата во овој важен сектор. Истовремено, секоја блокада насочена против исплатата на заслужената поддршка и финансиски средства за стимулација на земјоделците и земјоделското производство во вакви кризи времиња дополнително ја намалува поддршката за македонските земјоделски производи, што може да влијае кон намалување на земјоделските површини и култури, но и кон зголемување на цените на основните прехранбени производи.

За таа цел, како Министерство, уште еднаш апелираме да се слушне гласот на земјоделците и да бидат ставени високо во приоритетите и следните закони преку кои директно и индиректно зависат многу традиционални земјоделски семејства, како и многу индивидуални млади земјоделци и жени земјоделки.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:мзшв
Претходен напис Најмногу дожд наврна во Ѓуриште и Струмица, 43 литри на метар квадратен
Следен напис Сузана Димитриевска, органски производител: Македонија е создадена за производство на квалитетна храна!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?