Индонезискиот претседател, Џокови објави дека денеска ќе биде укината забраната за извоз на палмино масло, вклучително и маслото за јадење и суровото масло.
Поради состојбите на светскиот пазар и порастот на домашните цени, Владата на Индонезија воведе забрана за извоз. Тоа резултираше со зголемување на домашните залихи и намалување на цената на оваа намирница.
„Врз основа на тековната понуда и цена, и имајќи ги предвид 17-те милиони работници во индустријата за палмино масло, земјоделци, работници на фармите и другиот помошен персонал, решив повторно да го отворам извозот во понеделник, 23 мај 2022 година“, изјави Џокови.
Еден ден по одлуката за забраната, министерот за економија на Индонезија најави дека ќе воведе барања за домашна продажба, со цел да се обезбедат локални резерви на масло за јадење, откако ќе започне извозот. Со обврзување на домашниот пазар, тие сакаат да обезбедат 10 милиони тони од ова намирница да останат во земјата.
Забраната за извоз на палмино масло за јадење и негови деривати трае околу три недели и за тоа време предизвика вистинска бура на светскиот пазар и скок на цените на берзите.
Поради тоа протестираа и земјоделците од Индонезија.
Претходно, индонезиските власти рекоа дека очекуваат цената да се стабилизира откако програмата за субвенционирана дистрибуција на акции ќе достигне 10.000 локации низ целата земја. Овие локации би претставувале 60 до 70 отсто од домашниот пазар. Аналитичарите предвидуваат дека укинувањето на забраната може да ја намали светската цена на маслото за јадење, која скокна по објавувањето на забраната за извоз од оваа земја.
