Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вицегувернерката Митреска: Се очекува стабилизирање на глобалните цени на храната и енергенсите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вицегувернерката Митреска: Се очекува стабилизирање на глобалните цени на храната и енергенсите
Агровести

Вицегувернерката Митреска: Се очекува стабилизирање на глобалните цени на храната и енергенсите

Објавено 19/05/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Шокот што го предизвика војната во Украина врз цените на примарните производи на светските берзи придонесе за поголема нагорна корекција на стапката на инфлацијата и кај нас. Aко очекувавме раст на цените на нафтата од четири отсто во октомври, сега очекувањата за оваа година се околу 50 отсто, кај храната се очекуваше главно стагнација, а сега двоцифрен раст, посочува вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска.

Таа во интервју за „Утрински брифинг“, сепак, истакнува дека по глобалниот раст, меѓународните институции очекуваат стабилизирање на цените на енергенсите и на храната, односно на увезената инфлација, а, како што вели, најверојатно надолен притисок врз цените ќе предизвика и промената во однесувањето на потрошувачите. Согласно со овие очекувања, се предвидува стабилизирање на инфлацијата на околу три отсто следната година. Во однос на покачувањето на проекцијата за стапката на инфлација за годинава во априлските проекции на Народната банка, вицегувернерката истакна дека ова е глобален тренд, како и дека истите заеднички фактори влијаат врз циклусот на инфлација кај сите земји.

-Речиси и нема земја во којашто нема раст на инфлацијата. Десет проценти во просек е инфлацијата во регионот за март, околу 11 отсто во април, а има земји кои што се значително над просекот. Има заеднички фактори коишто влијаат врз циклусот на инфлацијата во сите земји во светот, особено во Европа. Минатата година тоа беа ефектите од пандемијата, забавените синџири на снабдување, растот на трошоците за транспорт, нарушените синџири, поточно несовпаѓањето на понудата и побарувачката. На ова се надоврза растот на цените на енергентите, особено на струјата, кон крајот на минатата година, како резултат на агендата за зелена транзиција, а потоа овие проблеми се продлабочија уште повеќе со руско-украинскиот конфликт, што неминовно доведе до подигнување нa ценовното ниво кај сите овие производи. Ова се глобални заеднички фактори, коишто влијаат врз инфлацијата, нагласува вицегувернерката Митреска.

Таа додава дека ако се анализира нашата просечна инфлација во април од 8,4 проценти, половината е резултат на растот на цените на храната.

-Домашните цени на храната се врзани во голема мера со увозните цени и директно преку готовите производи, но и преку растот на цените на трошоците за суровини, енергенти. Домашните производни цени на храната, исто така, растат под влијание на глобалните фактори, растот на цените на суровините и на енергентите. Дваесетина проценти од растот се должи на енергентите и таму речиси во целост имаме увезена компонента.

Базичната инфлација исто така забрза, меѓутоа ако ја погледнете нејзината структура, голем дел од тоа забрзување е резултат на увезени притисоци. Растат цените на суровините, растат цените на храната, на енергентите и се пренесуваат врз останатите цени. Општо земено, најголемиот дел од ова што се случува со инфлацијата кај нас се увезени движења. Ние во централната банка се разбира не ги темелиме овие заклучоци само врз следење на движењата. Има навистина ригорозна аналитика, којашто ги потврдува овие фактори и извори на раст на инфлацијата, констатирајќи дека притисокот од домашната побарувачка засега е мал, посочи вицегувернерката Митреска.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Митреска
Претходен напис Освен на пченица, Русија планира и рекордна жетва на соја
Следен напис Овој град е еден од најголемите органски производители – Локалните брендови ќе бидат групирани под нов бренд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?