Русија оваа година би можела да постави рекорден принос на соја од 5 до 5,2 милиони тони, предвидува Fertilizer Daily.
Добрите временски услови и зголемувањето на засеаните површини ќе придонесат за рекордна жетва. Вкупната засеана површина под соја во Русија се движи од 3,1 до 3,2 милиони хектари. Повеќето од нив се во Централниот и Далечниот Источен федерален округ, а нивното учество во структурата на засеаните површини може да биде 45, односно 37 проценти.
Само во регионот Воронеж, површината под оваа култура е зголемена за 3 отсто на 200.000 хектари. Во регионот Липецк има пораст од речиси 28 отсто, на 115, а во Татарстан за 73 отсто, или до 8,5 илјади хектари.
Снабдувањето на земјоделците со минерални ѓубрива доведе и до високи приноси. Руската асоцијација на производители на ѓубрива (РФПА) на почетокот на мај објави дека овие производители можат да ги задоволат потребите на земјоделците за 63 отсто од планираното во 2022 година. Значи, одгледувачите на соја ги добиле потребните количини кои ќе обезбедат високи приноси.
Патем, Русија е меѓу десетте водечки светски производители на соја. Но, нејзиниот удел од 4,32 милиони тони во вкупното светско производство, според платформата за онлајн тргување, Tridge, во 2020 година изнесувал 1,22 отсто.
На прво место е Бразил со повеќе од една третина од вкупното производство (34,46%), потоа САД (31,84%) и Аргентина (13,81%). Кина, Индија, Парагвај, Канада имаат помалку од десет проценти удел, а потоа следат Боливија и Украина (0,79%).
Русија, исто така годинава очекува рекордна жетва од 130 милиони тони житарки, вклучувајќи 87 милиони тони пченица.
