Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Индија го забрани извозот на пченица и го потресе светскиот пазар на житарки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Индија го забрани извозот на пченица и го потресе светскиот пазар на житарки
Агровести

Индија го забрани извозот на пченица и го потресе светскиот пазар на житарки

Објавено 17/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По охрабрувачките вести од Индија дека очекуваат рекордна жетва, светскиот пазар го потресе најновата вест дека оваа земја забранува извоз на пченица. Причината за ова се временските услови. Топлотниот бран ги намали приносите, а домашните цени достигнаа рекордно ниво.

Годинава целта за извоз беше 10 милиони тони, но мораа да се откажат од таа цел, пишува Ројтерс. Пад на производството немаше, но нерегулираниот извоз доведе до пораст на цените на локалниот пазар.

Индиската влада издаде соопштение во кое се вели дека сè уште е дозволен увоз во веќе издадените акредитиви и земјите што бараат залихи. Властите велат дека не сакаат трговијата со пченица да се одвива на нерегулиран начин или да се акумулираат залихи.

Нов удар за светскиот пазар

Новата ситуација и забраната секако ќе доведат до поскапување. Ова особено ќе влијае на сиромашните земји во Азија и Африка.

Забраната ги шокираше и трговците кои очекуваа пад на извозот по два до три месеци, но се чини дека бројките за инфлацијата го сменија мислењето на владата. Цените во Индија достигнаа рекордно високо ниво. Сега треба да се одвојат 320 долари за еден тон, што е далеку над владината поддршка.

Временските услови не одат во прилог

И додека Владата очекуваше рекорден принос од 111,32 милиони тони и шеста супержетва по ред, временските прилики се променија. Првичниот преглед на состојбата на културите ги намали овие очекувања на 105 милиони тони, а моментната состојба покажува дека приносот би можел да биде помал од 100 милиони тони.

Индија го искористи глобалниот раст на цените и досега извезла 7 милиони тони во фискалната година заклучно со март, што е за 250 отсто повеќе од претходната година.

Државната корпорација за храна на Индија (FCI) досега купила нешто повеќе од 19 милиони тони од домашните земјоделци, што е повеќе од вкупниот откуп минатата година од рекордните 43,34 милиони тони. Земјоделците претпочитаа да ја продаваат пченицата на приватни трговци, кои нудеа подобри цени од фиксната стапка на владата. Во април извозот достигна рекордни 1,4 милиони тони, а веќе се потпишани договори за извоз од околу 1,5 милиони тони во мај, пренесува Агроклуб.

Сегашната забрана ќе ги зголеми светските цени на пченицата бидејќи на пазарот нема големи добавувачи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Индијапченица
Претходен напис Рекорден пад на производството на свинско месо во Германија
Следен напис Николовски: 2,8 милиони евра грант поддршка од KfW за добри практики во земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?