Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битиќи: Поедноставните регулативи и постапки кај царинските управи носат успешна соработка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Битиќи: Поедноставните регулативи и постапки кај царинските управи носат успешна соработка
Агровест

Битиќи: Поедноставните регулативи и постапки кај царинските управи носат успешна соработка

Објавено 12/05/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Економската соработка е поуспешна ако регулативите и постапките на царинските управи се поедноставени, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на онлајн настанот „Унапредување на економските и царинските регулативи во време на криза“, што го организираше Амбасадата на Грција во Македонија.

Според Битиќи, постои простор за проширување и забрзување на заедничката економска соработка, иако надворешната трговија со Грција непрекинато расте и вкупната трговска размена на крајот на минатата година била 943,265 милиони евра.

– Овој тренд е задржан и во првиот квартал на оваа 2022 година, а извозот и увозот се удвоени во споредба со истиот период од претходната година. Нивото на странски директни инвестиции што доаѓаат од Грција во 2021 година е 29,31 милиони евра, според податоците на Народната Банка на Република Северна Македонија, посочи Битиќи.

Во текот на летото, според Битиќи, треба да биде усвоен и договорот за избегнување на двојното оданочување меѓу двете држави, што како процес беше започнат на почетокот на годинава. Како позитивен пример, Битиќи го посочи воспоставувањето на „зелените коридори“ кои во рамки на земјите на ЦЕФТА обезбедија непречена трговија на Западен Балкан и во време на пандемија.

-Позитивното искуство сега се преточи во иницијативата „Зелени коридори“ која треба да се прошири меѓу шесторката од Западен Балкан и земјите членки на ЕУ, со што ќе се обезбеди брз проток на стоки во време на криза. Трговската поврзаност е клучна и олеснувањето на процесите и постапките е основа за нејзино постигнување. Царинската управа на Република Северна Македонија е активен актер и придонесувач кон постигнувањето на повисоките стратешки цели на земјата. Денешниот состанок е пример за овие напори. Ние се надеваме дека добрата соработка меѓу двете управи може да биде продлабочена, рече Битиќи, пренесува МИА.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:Битиќи
Претходен напис Србија продолжува да отвора нови пазари: Фокусот е на иранската уреа и извозот на српските житарки во таа земја
Следен напис Николовски од Битола: Продолжуваме да даваме силна поддршка на земјоделците преку ефикасни програми
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?