Веќе на почетокот на пролетта копривата ги пушта листовите. Може да се најде насекаде – во паркови, дворови, планини, на места каде што ништо друго не може да расте. Копривата е исклучително издржлива.
Содржи таканаречено ораганско железо, кое е неопходно за црвените крвни зрнца. Анемијата, недостаток на сила и омалаксаноста се должат на недостаток на железо.
Копривата може да расте и на отворено и во саксии и може да се користи постојано, како лековит чај или попарена – дури и во сурова состојба како салата.

Може да се консумира во текот на целата година. На пролет помага при пролетен умор, во зима кога ќе претераме со празничната храна, а ако сме оптоварени преку ден може да се обидеме кафето да го замениме со чај од коприва.
Берење коприви
Треба да се следат неколку препораки кога ќе одлучиме да береме и да ја користиме копривата. Една од нив е поврзана со процесот на берење. Ако сакаме да ја прочистиме крвта или да се ослободиме од пролетниот замор, треба да береме коприви кога месечината опаѓа.
За другите лековити билки е спротивно. Чајот од коприва се пие кога месечината опаѓа и тоа помеѓу 15-19 за подобар ефект. Најдобри се младите, пролетни коприви.
Добро е да се избере чисто место за берење коприви. Најдобро е ако има вода во близина. Во никој случај не треба да се бере во населени места и околу пат.

Запомнете, се берат само врвовите на копривите, а не целото растение. Користете ракавици, бидејќи иако е здраво, кога копривата ќе ве „боцне“ тоа многу боли.
Можете да користите ножици, а собраните делови да ги ставите во кеса. Кога ќе ја донесете дома, наредете ја неколку дена во шарена сенка да се исуши.
