Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Србија се договорила со Иран за долгорочно снабдување со азотни ѓубрива
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Србија се договорила со Иран за долгорочно снабдување со азотни ѓубрива
Агровести

Србија се договорила со Иран за долгорочно снабдување со азотни ѓубрива

Објавено 04/05/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера телефонски разговарал со претседателот на Исламската Република Иран Ебрахим Раиси за билатералните односи и развојот на економската соработка, особено во областа на земјоделството и трговијата, како и во оние домени каде што има реални можности и заеднички интерес.

Вучиќ ги издвоил областите со големи и недоволно искористени можности за соработка, како што се земјоделството и прехранбената индустрија, но и градежништвото, рударството и енергетиката.

Тој побарал од иранскиот претседател договор за долгорочно снабдување на Србија со азотно ѓубриво, што ќе обезбеди стабилност за српското земјоделство во однос на еден од најважните елементи за понатамошен развој на оваа индустрија, што иранскиот претседател го прифатил, пренесува Agronews.

Договорено е разговорите и конечниот договор на оваа тема да продолжат на експертско ниво.

Соговорниците како некои од клучните дополнителни точки за можна соработка ја истакнале трговијата со производи како пченка и други житни култури и говедско и телешко месо, како и пласман на српски семиња и семенски материјал, а разговарале и за потенцијалот за заеднички инвестиции во производството на маеханизација и добиточна храна.


Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:азотни ѓубрива
Претходен напис Забрана за риболов на Калиманско Езеро
Следен напис Одгледување на краставици на бали слама – Приносот може да се зголеми до 2,5 пати!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?