Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од утре на Градскиот плоштад во Скопје ново издание на Фестивалот „Вино Скоп”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од утре на Градскиот плоштад во Скопје ново издание на Фестивалот „Вино Скоп”
Агровести

Од утре на Градскиот плоштад во Скопје ново издание на Фестивалот „Вино Скоп”

Објавено 03/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фестивалот „Вино Скоп”, што традиционално се одржува од 2006 година, по паузата поради ковид пандемијата, утре ќе започне одново на Градскиот плоштад во Скопје.

На Фестивалот ќе учествуваат повеќе од 25 винарии од земјава, претставници од странство и бројни уметници и музички бендови, а првпат на него ќе има и Базар на ракотворби.

– Од 4 до 8 мај се враќа „Вино Скоп”, еден настан којшто ги претставува најпозитивните денови за мене во Скопје, за жал некое време го немаше, но по мала пауза се враќаме пак назад. Можеме да кажеме дека е еден од најголемите настани што се враќа после короната – истакна актерот Столе Мицов на денешната прес-конференција.

Тој најави дека на Фестивалот ќе настапат повеќе уметници, меѓу кои и групите Фолтин, Ласт Експедишн, Фиц и Студени Нозе, Суперхикс, пејачите Нина Јанева, Мики Јовановски Џафер и Игор Џамбазов, како Здружението на Џез музичари „Биг Бенд”.

Во недела, на последниот ден на Фестивалот, Мицов најави дека на сцена ќе бидат македонски блуз музичари и целиот ден ќе биде исполнет со блуз музика.

Директорката на „Вина од Македонија”, Елена Младеновска-Јеленковиќ информираше дека македонското вино во последните години бележи голем пораст на квалитетот.

– Се надевам дека овој настан „Вино Скоп 2022″ ќе биде еден од оние настани каде што ќе го славиме виното, особено македонското вино, коешто во минатите години бележи многу голем пораст на квалитетот. Сите винарии во Македонија не само што го подобруваат процесот на производство, туку воедно ги едуцираат и лозарите за да може да имаме еден производ што е на високо ниво којшто заслужува да се најде на полиците на светските пазари, објасни Младеновска-Јеленковиќ.

Таа исто така најави дека за време на Фестивалот љубителите на виното ќе имаат можност да пробаат околу 30 македонски вина од винариите членки на Здружението „Вина од Македонија”, од семејните винарии, како и странските вина коишто ќе бидат претставени во фестивалот.

Организатори на фестивалот се Крафт продукција и здружението „Вина од Македонија”, додека главен покровител на целиот настан е Град Скопје.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:виноскоп
Претходен напис Наскоро доаѓа вакцина против африканска свинска чума
Следен напис Министерот Николовски ја посети Цвета Нацева од Ерџелија, добитничка на грант од 3000 евра преку мерката „Рурална жена“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?